Филмот “Трето Полувреме” во режија на Дарко Митревски ќе биде прикажан на овогодинешниот, филмски фестивал „Фебиофест“ во Прага, во рамките на програмата “Балкански Ритми”. Фебиофест е многу популарен филмски фестивал во Чешка со 20 годишна традиција. Овој фестивал освен во Прага, независно се одржува и во Словачка.
“Трето Полувреме” ќе има три проекции во Прага на 15,16 и 17 март и три проекции низ останатите градови во Чешка Република.
Досегашни гости на овој фестивал биле славни режисерски имиња како Нани Морети, Клод Лелуш, Питер Вир, Роман Полански, Иштван Сабо, Том Тиквер, Никита Михалков, Карлос Саура и др.
На фестивалот ќе присуствуваат актерот Сашко Коцев и продуцентот Роберт Насков. По проекцијата вечерва, тие ќе одговараат на прашања од публиката.