Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Tрговците бараат да се изнајде избалансирано решение за замрзнување на маржите во трговијата на големо и на мало

0
By Ivana on February 25, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во врска со последната одлука, со која се определува највисоката трговска маржа до 5 % на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 % на продажната цена во трговија на мало, како посебен услов во трговијата, донесена од Владата на РСМ на предлог на Министерството за економија, претставници на трговците на големо и на мало, како дел од Здружението за трговија и на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Северна Македонија, одржаа работна средба на која таа беше разгледана.

Доколку намерата на Владата e заштита на социјалната категорија граѓани, домашните трговци на големо и на мало се подготвени за соработка. Во согласност со податоците, само за плати се издвојуваат 8 – 14 % од прометот, а со носењето на Законот за минимална плата и со нивното линеарно зголемување, тој процент ќе биде и повисок.

На енергенси отпаѓаат 5 – 6 %, на одржување 7 – 10 %, а за плаќање закуп за простор од 3 до 4 % од вкупниот промет. Оттука, ако маржата се замрзне за одреден период, таа треба да биде во висина од 20% во трговијата на мало, сметаат компаниите.

Истовремено, компаниите бараат и корекција на листата на производи, односно одлуката да се однесува само на основните производи во секторите опфатени со неа.

Доколку Владата на РСМ не го прифати барањето за корекција на листата на производи, трговците на мало ќе бидат принудени овие производи во наредниот период да ги откажат, што ќе има негативни последици врз работењето и на производителите и на самите трговци.

Затоа, претставници од овие два сектора, со намера да помогнат во изнаоѓањето избалансирано решение за замрзнување на маржите во трговијата на големо и на мало, бараат итна средба со ресорниот министер.

Само на тој начин, со вклучување на бизнис заедницата и консултации со Стопанската комора на Северна Македонија ќе може да се дојде до поквалитетно решение.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.