Во Париз од следната година ќе се наплатува 3 евра од час за паркирање на мотор што е обид на градот да го намали загадувањето и силната бучава.
Моторџиите кои ќе паркираат надвор од квартовите (арондисмани) каде не живеат , паркирањето на моторот ќе ги чини 3 евра од час, додека тие што паркираат во квартовите каде живеат, ќе плаќаат 2 евра/час.Овие цени се дупло пониски од цените за паркирање ан автомобили.
Паркирањето на електричните мотоцикли е бесплатно а годишната паркинг карта за останатите мотори изнесува 22,50 евра. Парижани во принцип ги поддржуваат овие мерки на градските власти со цел да се намали загадувањето но и бучавата што ја предизвикуваат „лутите машини “ на 2 тркала.