Одметнатите политички ентитети, всушност, се огледало на неуспехот на владејачките партии за спроведување на трансформативните реформи, како и за зајакнувањето на демократските вредности во сопствените редови. Кокетирањето со популизмот, компромисите со националистичките структури, нерешителноста во носењето и спроведувањето на политиките за унапредување на општествената кохезија, особено во доменот на меѓуетничките односи, прераснаа во авении по кои антидемократските тенденции непречено пристигнуваа до својата цел – блокада на демократските, реформските и интегративните процеси. Линк