Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тричко и Малапарте

0
By Борјан Јовановски on April 26, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ја читам и препрочитувм одлуката на МВР да поднесе кривична пријава против Бранко Тричковски. Па, го читам и препрочитувам инкриминираниот статус на ФБ постиран на ФБ и ништо не разбирам. Не сум од оние на кои им се допаѓа стилот на Тричко. Неговата острина за мој вкус знае да биде невкусна, па, сепак, често ставам лајк на неговите постови бидејќи многу добро му го разбирам гневот како и потребата да укаже на опасноста од една идеологија која упорно се обидува да ни се наметне како нормалност, узурпирајќи го на тој начин местото на нужната демократска политичка алтернатива.

За жал, во овој обид за шверцување на политичкото зло низ кулоарите на демократијата учестуваат и наши колеги кои упорно претендираат на некакви глобални новинарски стандарди според кои треба да се даде подеднаков простор на сите чинители на демократската сцена без притоа да се вложи било каков интелектуален напор за критичко проценување на контекстот во кој се провлекува злото камуфлирано во политичка алтернатива.

Пред да продолжам за Тричко, дозволете да се осврнам на первертираната нормалност. Едно демократско општество е такво затоа што дозволува фер натпревар на идеи, програми, идеологии. Но, во нашата, сè уште неука перцепција на демократиите со оглед на искуството што го имаме, многу често се преовладува фактот дека во зрелите демократии постои јасен консензус помеѓу политичките фактори околу клучните вредности на кои е фундирано општеството: слобода на изразување, човекови права, индивидуални како и оние на малцинските групи, толеранција.

Ова се вредности околу кои не се разговара во една нормална демократија. Во случајов, имаме работа со една идеологија која упорно инсистира да ни докаже дека сите перверзни политички оргии правени во нашето општество биле сосема нормална и исправна работа и дека сите ние погрешивме што во 2016 година се спротивставивме на режимот на Груевски. Актуелните наративи на неговиот наследик нé тераат да прифатиме дека оној дивјачки чин кои се случи пред четири години, на 27 април, е сосема нормална работа затоа што наводно нелегално бил избран спикер на Собранието, па луѓето имале право да бидат гневни. За него, сите оние кои се денеска во „Идризово“, осудени поради ова силување на демократските вредности, се маченици и жртви на политички монтиран процес. Актуелниот лидер, наследник на Груевски, нема да изговори збор за да се огради, а би морал и да се извини за сите недела на режимот на Груевски кон многумина поединци кои страдаа во негово време.

Меѓу нив сум и јас. ФБ пред неколку дена потсети дека ми донесоа посмртен венец на вратата. Тричко беше изложен на навреди од невидено примитивни размери кои кулминираа со палење на неговото возило. Фалеше само уште некој месец за да се решат и да посегнат по физичка ликвидација. Впрочем, некогаш читам пораки по социјалните мрежи, па и директно упатени до мене за тоа дека погрешиле што не нè ликвидирале и дека следниот пат нема да ја направат истата грешка и да ги поштедат нашите животи на предавници, кодоши и не знам што уште не погрдно изнарекоа. Да, јас сум гневен што никој никогаш не се огради од тоа дивјаштво, ниту пак на било кој начин беше задоволена мојата правда. И затоа совршено го разбирам гневот на Тричковкси кој има потреба да рикне за да го извади бесот насобран во неговиот граден кош. Тој крик некогаш звучи непријатно, но тој крик е опомена упатена до сите да не дозволат да ни се врати една испервертирана политика која дрско го уназади нашето општество.

Епизодата со кривичната за Тричко ме потсети на италијанскиот писател Малапарте. Во неговата книга „Капут“, која многумина ја читаат како репортажа, а станува збор за фикција, овој италијански писател, новинар, патеписец раскажува една епизода за негова средба со Анте Павелиќ. Имено авторот седнува на масата во работниот кабинет на Павелиќ и здогледува голем сад полн со нешто што нему му наликува на школка острига, па го запрашува Павелиќ „Дали се ова далматински остриги“ на што Павелиќ гордо одговара „Не тоа е подарок од моите верни усташи, 20 килограми човечки очи“.

Обидот да ја визуелиризирате сцената ви создава нагон на повраќање претпоставувам. Логично. Но, дали некој Малапарте треба да го гони за говор на омраза кога тој сугерира дека Павелиќ е канибал или неговата силно експресивно раскажана епизода треба да се прифати како предупредување од можен камбек на една фашизоидна политика каква што беше онаа на Анте Павелиќ која во наследство остави илјаднци гробови на невини луѓе само затоа што во нив не тече хрватска крв?

Оваа книга на Малапарте не е говор на омраза туку експресивна приказна за поразот на човечноста која мора да се запомни за да не го доживее повторно истото понижување.

Хрватска до ден денес не најде храброст да ја објави оваа книга на Малапарте која ги соочува Хрватите со нивното неславно минато кое како мрачно сениште шета низ политичката сцена контаминирајќи ја перманетно со злите души на хрватскиот национализам. Србите ја објавија книгата уште одамна, но во контекст на нивниот национализам кој не сака да се прифати самиот себе, па за сите зла на просторите на поранешна Југославија вината ја префрла врз другите.

Отсуството на храброст да ја прифатите одговорноста од минатото го гледаме во најексплицитно издание денеска на српската политичка сцена низ која маршираат сите деца на Милошевиќ кои треба да ја потврдат наводната конспирација дека тој татко на нацијата е само жртва на некаков меѓународен заговор против Србите. Секој разумен набљудувач на тие случувања во Србија брзо ќе заклучи дека Србија нема да мрдне подалеку од овој лет во место, сé додека не ги прифати и се извини за сите злосторства извршени на просторите на поранешна Југославија во име на некакви српски национални интереси во чиј поход останаа стотици масовни гробници. По рецептот на Вучиќ, нашиот Мицкоски се обидува со сите сили да се протне низ фрагилното демократско општество кршејќи ги сите едвај воозобновени негови темели за да се врати на власт и да ни докаже дека неговиот лидер Грувески е вистинскиот татко на нацијата кој ние не сме успеале доволно да го вреднуваме и сме дозволиле да ни го убие меѓународен заговор на сметка на нашите национални интереси дефинирани во квазиинтелектуални лаборатории.

Обидете се да го читате Тричковски како Малапарте кој тоа што го напишал не го правел затоа што бил на страната на Тито, четниците или било кој противник на Павелиќ, туку затоа што имал потреба да крикне, гневен од бруталното газење на човечноста. Ете така и Тричко урла секој ден за да укаже на узурпацијата на местото на потребната политичка алтернатива од страна на една опасна политичка идеологија во која нема никаво разбирање за демократските вредности.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

ВЕСТИ October 7, 2025

Весниотк „Израел Хајом“  објави документ од 21 кој страница открива детален план за воспоставување меѓународна…

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.