На 4.мај 1980 година почина претседателот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито.
Тито беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините вооружени сили од крајот на Втората светска војна се до смртта во 1980 година.
Тој беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа обединети земји од неколку континенти кои не припаѓаа на ниеден од двата доминантни во тоа време западен и источен блок – НАТО и Варшавскиот договор.
Во односн на управуваето на Тито, едни велат е симбол на социјална правда, добар и сигурен живот, а за други диктатор со огромна политичка моќ кој се пресметувал со политичките неистомисленици.
Тој на денешен ден во 1980 година во Клиничкиот центар во Љубљана. Погребан е на Дедиње во Белград во Куќата на цвеќето.