Најмалку тројца пилоти загинаа, а еден е тешко повреден при судир на два корејски авиона за обука од типот КТ-1 на југот на Јужна Кореја, соопштија официјални лица.
Авионите паднале во поле со ориз со Сачeон, оддалечен околу 300 километри јужно од Сеул, додаваат тие, пренесува агенцијата Џонап.
На местото на несреќата пристигнаа околу 300 пожарникари и припадници на итните служби.