Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трпчески во Велика Британија свири дела од Благој Цанев

0
By on January 24, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески, продолжува со претставување на македонското музичко творештво на престижните светски сцени. Овој пат, заедно со музичари од Симфонискиот оркестар на Бирмингем настапи со изведба на дела од македонскиот композитор Благој Цанев. За трите концерти со овој реномиран оркестар (од кои едниот беше со камерна музика), Трпчески изјави:

„Многу ми е мило што по претставувањето на нашиот композитор Благој Цанев во Норвешка и во Аспен, САД во текот на минатата година, сега за прв пат во Англија, поточно во Бирмингем се изведоа 2 негови дела. Станува збор за „Фолклорните канони“ во ансамбл за виола, кларинет и пијано, како и неговата позната „Соната во ЕС“ за кларинет и пијано. Ова се дела во кои тој не навлегува длабоко во нашиот фолклор, освен со од-време-на-време интелигентни симпатично покажани фолклорни искри. Цанев повеќе ги истакнува своите лични инспирации и размислувања. Неговиот музички јазик е прилично шаренолик и, иако понекогаш потсетува на Григ, Прокофјев, Лигети, Дебиси, па и Хиндемит, тој сепак е пред се’ свој.

Музичарите на Симфонискиот оркестар на Бирмингем, Марк О’Браен на кларинет и Бајрон Периш на виола, многу професионално навлегоа во процесот на подготовка на делата наспроти пребукираниот распоред во текот на оваа недела, и можам да кажам дека публиката одлично ја прими изведбата, што ме прави многу среќен“ – вели Трпчески.
Трпчески со Симфонискиот оркестар на Бирмингем по двете вечери изведба и на Шопеновиот Концерт број 1 за пијано и оркестар во матичниот град на ансамблот, продолжува со уште 2 настапа на Островот. Вечерва ќе настапат во Оксфорд.

Диригентската палка на оваа мини–турнеја е во рацете на шеф-диригентот Андрис Нелсонс од Летонија, кој веќе диригира во најпознатите светски оперски куќи, како и со оркестри од рангот на Виенската и Берлинската филхармонија.

Ова е втор заеднички настап на тандемот Нелсонс-Трпчески по „премиерниот“ во 2008 година кога токму нашиот пијанист му беше првиот солист на носителот на диригентската палка како шеф-диригент на Симфонискиот оркестар на Бирмингем.

Инаку, токму со Концертот број 1 на Шопен Трпчески и ја стартуваше календарскава концертна година со Националниот оркестар на Порто во овој португалски град, за веднаш по настапите во Англија истиот да го изведе и како солист на Шведскиот камерен оркестар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ново масовно киднапирање во Нигерија: Од католичко училиште грабнати уште 52 ученици

November 21, 2025

Растот на трошоците на домаќинствата во ЕУ лани речиси четири пати поголем отколку во 2023 

November 21, 2025

Астрономски цени на недвижности во Србија – речиси 10.000 евра за квадрат во „Београд на вода“, гаражно место достигнало 66.000 евра

November 21, 2025

Еврокомесарката Марта Кос во Тирана

November 20, 2025

Косово оди на нови избори: Османи потпиша указ за распуштање на Собранието

November 20, 2025
ФОКУС

Протече мировниот план на Трамп, Украина треба да отстапува територии, па следат избори за 100 дена

ВЕСТИ November 22, 2025

Украинскиот пратеник Алексеј Гончаренко го објави мировниот план на Трамп, во кој се наведува дека…

Самитот на Г20 започна во сенка на бојкотот на САД и тензиите во Украина

November 22, 2025

Зеленски со драматичен говор: Ова се најтешките моменти во нашата историја

November 21, 2025

Потпретседателот на САД Венс за Украина: Трговија и културна размена наместо војна

November 21, 2025
ТИКЕР

Ново масовно киднапирање во Нигерија: Од католичко училиште грабнати уште 52 ученици

November 21, 2025

Растот на трошоците на домаќинствата во ЕУ лани речиси четири пати поголем отколку во 2023 

November 21, 2025

Астрономски цени на недвижности во Србија – речиси 10.000 евра за квадрат во „Београд на вода“, гаражно место достигнало 66.000 евра

November 21, 2025

Еврокомесарката Марта Кос во Тирана

November 20, 2025

Косово оди на нови избори: Османи потпиша указ за распуштање на Собранието

November 20, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.