Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Брзи тестови во училиштата не се препорачани од Комисијата, треба да се почитуваат протоколите

0
By Ivana on September 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во моментов нема потреба за други мерки освен оние што се утврдени од Комисијата за заразни болести за да се заштитат учениците од КОВИД-19 во училиштата, изјави министерката Мила Царовска во врска со донацијата на брзи тестови од Општина Илинден за КОВИД-дијагностицирање во трите основни и во средното општинско стручно училиште „Илинден“.

– Не станува збор за желби и можности, туку за препораки од здравствените власти. Ако Комисијата за заразни болести утврдила протокол и постапување, сметам дека сите општини и сите училишта треба да ги почитуваат. Ако тие не препорачале тестирање, значи дека тоа нема додатна вредност во даден момент. Доколку тие утврдиле дека има потреба, тогаш ќе го спроведеме во сите училишта, но во моментов останува да се почитуваат препораките што се дадени, а тоа е да има дезинфекција, мерење температура и проветрување на просториите, изјави Царовска одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на средното училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка.

Министерката посочи дека училиштата се подготвени за преминување на моделот настава на далечина, наставниците се обучени и имаат пристап до националната платформа и секаде каде што досега се појавиле КОВИД-случаи и изолирање на учениците, рече, училиштата ги ставиле во функција овие алатки. Притоа посочи дека се видело оти системот функционира и е на располагање за онлајн-настава уште на 1 септември кога четири средни училишта во Тетово и Гостивар почнаа да работат онлајн.

Во однос на критиките од опозицијата за ИТ-уредите (таблети) преку училишните библиотеки и за дигиталните учебници, Царовска одговори дека не ја разбира критиката и не гледа проблем во тоа што на учениците кои немаат дигитални уреди во своите домови и немаат финансии  да ги купат, училиштата ќе им ги обезбедуваат уредите на реверс.

Посочи дека во библиотеките има 20 проценти од печатените учебници и тие им се даваат само на ученици кои немаат услови за користење дигитални уреди зашто немаат електрична енергија во нивните домови.

– Минатата година се утврди дека такви ученици има 1200. Тие 12 години владееја со државата и не утврдија колку ученици немаат електрична енергија. Ние тоа го направивме за една година. Токму затоа, за 20 проценти од бројот на ученици во државата се испечатени учебници и се во библиотеките со цел учениците во училиште да имаат пристап до учебниците. Исто така, и учениците кои немаат дигитални уреди да ги земат за во своите домови,  рече Царовска.

Додаде дека опозицијата нема ниту еден конструктивен коментар за процесите што ги води МОН, но дека дневно може да ги видат сите проекти – опремување на училиштата, отворање нови струки и дуални паралелки во соработка со компаниите, како и спроведување на новата концепција за основно образование која почнала успешно во целата држава.

– Апелирам до политичките партии да ги тргнат рацете од образовниот систем и образовните процеси затоа што образованието не разликува политичка партија. Таму се и нашите, и нивните деца, и сите ние работиме со една цел – подобрување на квалитетот на образованието кое е на очајно ниво. Тие не се трудеа да го подобрат и тоа го видовме во 12 години. Затоа и резултатите од ПИСА, ТИМСС и ПИРЛС се очајни, зашто се години се обидуваме да останеме на статус кво наместо да направиме храбри чекори за унапредување на образовниот систем. Нема да застанеме заради нечии ситни партиски цели, туку ќе работиме во интерес на сите наши деца, додаде Царовска одговарајќи на новинарски прашања при посетата на гимназијата во Крива Паланка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.