Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Основата за демократско и прогресивно општество е квалитетното образование

0
By Ivana on December 7, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основата за демократско и прогресивно општество е квалитетното образование, порача министерката за образование и наука Мила Царовска на панел дискусијата организирана во рамки на Самитот за земји од Западен Балкан.

– На унапредувањето на квалитетот на националниот образовен систем гледаме како можност за севкупен општествено-економски напредок на Северна Македонија и исчекор кон интегрирањето на земјата во европското семејство. Оттаму се поттикнати и нашите интензивни заложби за реформирање на образованието. Целта е да обезбедиме што повеќе и подобри образовни можности за нашите граѓани од најрана возраст, затоа што влогот во човечкиот капитал е всушност основа за развој на сé друго, рече Царовска.

Во обраќањето, Царовска посочи дека Владата е насочена кон создавање на образование кое е подготвено да одговори на новите предизвици, а дигитализацијата и пристапноста на училиштата се едни од главните вложувања за обезбедување квалитетно образование за секое дете.

– Ја враќаме и атрактивноста на средните стручни училишта. Оваа промена е важна, бидејќи ги подготвува младите за струки барани од компаниите, со што ја зголемуваме можноста за побрзо вработување, рече Царовска.

Она што, според неа, потребно е да се зголеми и довербата во науката за да се намали верувањето во теориите на заговор и лажни вести. – Тоа го правиме со воведување на нови наставни програми кои ќе поттикнат критичко размислување кај учениците, рече Царовска.

Министерката истакна дека МОН и Владата имаат добар образовен план, креиран преку широка јавна дебата со учество на сите релевантни чинители, кој засега ги дава проектираните ефекти.

Царовска, која е дел од мрежата на млади лидери, говореше и за поддршката на младите и нивната вклученост во креирањето на политиките кои се директно поврзани со нив.

– За првпат во образованието воведовме национални стандарди за учење кои се систем на вреднување за постигнувањата од учење. На овој начин ја враќаме довербата на младите во образовниот систем и ги поттикнуваме на знаење. Мора да ги поддржиме младите и во создавањето на силна платформа преку која ќе влијаат на општествените промени кои се во нивен интерес, нагласи Царовска.

Самитот за Западен Балкан се одржува онлајн, а го организира интернационалното здружение „Пријатели на Европа“ кое се залага за проширување на Унијата, со поддршка од европската програма „Европа за граѓаните“, УНДП и Регионалниот совет за соработка. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.