Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Состојбата во училиштата е стабилна, остануваме на настава со физичко присуство

0
By Ivana on November 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Состојбата со коронавирусот во училиштата е стабилна и сѐ додека е така остануваме на првото сценарио –  настава со физичко присуство. Доколку има каква е да е промена или загрозување, тогаш во координација со Комисијата за заразни болести и со Министерството за здравство ќе имплементираме други сценарија. Но засега сѐ укажува дека состојбата е стабилна и дека учениците се безбедни во училиштата,  изјави министерката за образование и наука Мила Царовска.

Соопшти дека над 75 отсто од наставниците се вакцинирани, што е двојно повеќе од националниот просек, под 1 процент е бројот на позитивни и активни случаи во училиштата. Од почетокот на учебната година до денеска, рече таа, нема надминување на 0,3 проценти позитивни и активни ученици во основно и средно образование, а на дневно ниво нема надминување на 0,03 односно процентот се движи од 0,01 до 0,03.

– Исто така, и проценката што ја правеше Министерството за здравство покажа контрола на епидемијата во училиштата, што, пак,  покажува дека мерките се почитуваат и протоколите се добро дизајнирани и добро се спроведуваат. Секако, како и минатата година, и оваа година ја следиме состојбата на дневно ниво. Токму затоа, сѐ додека состојбата со КОВИД е стабилна во училиштата, ќе го предлагаме моделот со физичко присуство. Ако Комисијата за заразни болести и МЗ алармираат дека има други закани по здравјето на учениците поврзани со КОВИД, тогаш, секако, ќе преземеме други мерки и ќе дискутираме за други сценарија, изјави Царовска за медиумите по доделувањето договори за финансирање проекти на јавни научни установи.

Во однос на барањето од Прогресивниот синдикат за образование при ССМ до МОН да им се дозволи на наставниците на наставнички совети сами да може да одлучуваат за моделот на настава – физичко присуство или онлајн од 1 декември до 31 март, поради сезоната на грип, состојбата со КОВИД-19, а и поради енергетската криза, Царовска одговори дека поради стабилната КОВИД-состојба во најдобар интерес на учениците е училиштата да останат отворени.

-Училиштата треба да функционираат и се отворени и во најстрашните кризи во светот. Во моменти на војна, во најголем дел од државите, училиштата остануваат отворени затоа што тие се места каде што учениците стекнуваат знаење, се социјализираат и училиштата се грижат и за заштита на менталното здравје на учениците, додаде Царовска.

На новинарско прашање дали смета дека ќе биде дел од реконструкцијата на Владата, министерката одговори дека мандатот го добива по гласање на Собранието и на предлог на мандатарот и додека е тоа така ќе ги извршува дневните активности во МОН и задачите за почнатите реформи што ќе ги подобрат образованието и науката.

-Сѐ додека е така продолжувам да ги остварувам задачите што првенствено ми се дадени од граѓаните и остануваме во таа насока. Доколку има предлог од мандатарот, тој сигурно носи одлуки во интерес на граѓаните, и согласно со реализираните резултати дека тоа ќе биде прифатено, рече Царовска. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.