Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: За да не се грее цела училница, можно е наставниците да држат настава од дома

0
By Нова ТВ on October 21, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Онлајн-наставата во 88 отсто од училиштата се одвива без пречки, тврди министерката за образование и наука Мила Царовска.

Одговарајќи на новинарски прашања при посета на училишта во Кочани, Царовска не прецизираше кога новата платформа ќе биде функционална во целост, но вели учениците и наставниците имаат пристап за двонасочна комуникација.

Околу барањата на родители од Македонска Каменица за одржување настава со физичко присуство, министерката порача дека мора да се следат препораките на Комисијата за заразни болести, а со бојкот на настава, вели, губат учениците.

„Бојкотот на наставата е само неконструктивен начин на изразување незадоволство од пандемијата. Тоа не е нешто што одлучуваме дали го сакаме или не го сакаме. Тоа е нешто со што мора да живееме, а со бојкотирање на наставата губат учениците. Наша обврска е да го штитиме здравјето на граѓаните, поради тоа што младите може да пренесат ковид-19. Ако така одлучила Комисијата за заразни болести, јас ги повикувам учениците и наставниците да се приклучат кон овој начин на настава“, порача Царовска при посета на училишта во Кочани.

Царовска најави дека можно е наставниците да се вратат дома и да држат онлајн часови, за во зимскиот период да не мора да се загрева цела училница.

„Нема потреба да расфрламе пари за загревање на цела училница за еден наставник и тие пари да може да се искористат во набавка на ИТ-уреди. Мислам дека тој модел ќе виде најдобар, но кога ќе ја донесеме одлуката ќе ја информираме јавноста“, рече Царовска.

извор:360степени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.