Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска на конвенција ги објави целосните пратенички листи. Со ретки исклучоци, како актуелната министерка за култура Елизабета Канчевска Милевска и претседателот на ВМРО-ДМНЕ Никола Груевски, речиси и да нема некој од стариот тим на партијата со којшто тие настапуваа заедно веќе 10 години. Од партискиот врв, само Милевска и Груевски се на листите, а истовремено се и осомничени или обвинети во случаите на СЈО. Канчевска-Милевска ќе се бори во првата изборна единица веднаш зад носителот Никола Поповски, додека актуелниот премиер Емил Димитриев ќе биде втор зад Илија Димовски во третата изборна единица. Во првата со Поповски трет на листата е Борис Змејковски, додека петти е Амди Бајрам. Во дијаспората ќе одат со кандидат од ромската заедница кадешто ВМРО-ДПМНЕ веќе наголемо е присутно и собира и агитира за гласови преку Амди Бајрам кој во моментов е во Брисел.
Во речиси милитантен говор, Влатко Ѓорчев, најави дека битката во шестката каде што тој е носител, ќе биде прашање на безбедност и прашање на одбрана од Албанците.
-Никола Груевски за премиер. Ќе порачаме дека западниот дел на РМ цврсто стои зад унитарноста на државата. Изборот е унитарност и уставен поредок или двојазичност или федерализација.
На листата ги нема првотимците од претходните избори како Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, кои се осомничени во случаи на Специјалното јавно обвинителство, а на списокот на ВМРО-ДПМНЕ го нема ни Диме Спасов, кој најверојатно отпадна во последен момент по инцидентот кој го предизвика по сообраќајката со службениот Туарег.
7 ИЕ
1. Рамазан Мифтароски
2. Зоран Стојановски
3. Славица Галевска-Милчиноска
6 ИЕ
1.Влатко Ѓорчев
2. Јусуф Хасани
3. Дафина Јованоска-Стојаноска
4. Горан Манојлоски
5. Фатмир Имероски
6. Валентина Стефановска
7. Дениз Ризванче
8. Јованка Ставреска-Данаковска
9. Стојан Тодороски
10. Јасминка Богдановска
11. Лоран Страшевски
12. Елизабета Новеска
13. Елвира Ејупи
14. Ангеле Јовановски
15. Ерол Исмаили
16. Наташа Блажевска
17. Зоран Спанџевски
18. Игор Павлески
19. Дијана Бибовска
20. Верица Тофиловска
5 ИЕ
1.Антонио Милошоски
2. Зоран Илиоски
3. Лилјана Затуроска
4. Љубен Арнаудов
5. Благоја Деспотоски
6. Нола Исмајлоска Старова
7. Крсто Мукоски
8. Сашо Василевски
9. Лилјана Кузмановска
10. Соња Талевска
11. Момчило Аврамоски
12. Алим Билали
13. Сузана Божиноска
14. Јован Тозиевски
15. Хасан Мазлум
16. Олга Лозановска
17. Дејан Пандилески
18. Максуд Мутаир
19. Николина Дамчевска
20. Валентина Стојкоска
4 ИЕ
1.Никола Груевски
2. Ванковер Манчев
3. Ане Лашкоска
4. Панчо Минов
5. Весна Пемова
6. Васил Пишев
7. Нада Ципушева
8. Димитар Стевананџија
9. Драган Цуклев
10. Павлинче Честојнова
11. Ѓоко Камчев
12. Дајанчо Ефтимов
13. Мирјана Хаџиевска
14. Александар Галапчев
15. Тони Гражданлиев
16. Павлина Георгиева
17. Јованче Јошев
18. Оливер Трајков
19. Гордана Тошеска
20. Катерина Шурбеска
3 ИЕ
1. Илија Димовски
2. Емил Димитриев
3. Слаѓана Митовска
4. Трајчо Димков
5. Стојан Миланов
6. Магдалена Манаскова
7. Зеќир Рамчиловиќ
8. Никола Мицевски
9. Благица Ласовска
10. Емилија Александрова
11. Иван Иванов
12. Ѓорѓи Коџабашиев
13. Милка Христова
14. Марјанчо Колевски
15. Александар Ѓорѓиевски
16. Сузана Секуловска
17. Костадин Штериов
18. Весна Јованова
19. Тина Петрова
20. Зоран Здравевски
2 ИЕ
1.Никола Тодоров
2. Трајко Вељаноски
3. Жаклина Пешевска
4. Иван Стоилковиќ
5. Амди Бајрам
6. Владанка Авировиќ
7. Зоран Ѓорѓиевски
8. Јохан Тарчуловски
9. Весна Дамчевска – Илиевска
10. Невенка Стаменковска
11. Бојан Стојаноски
12. Драган Петковски
13. Емилија Трајковска
14. Ѓоко Велковски
15. Дарко Костовски
16. Марија Николовска
17. Зоран Бајовски
18. Марија Ангелова
19. Марио Цветковски
20. Милка Спасевска.
1 ИЕ
1. Никола Попоски
2. Елизабета Канческа Милевска
3. Борис Змејковски
4. Драган Данев
5. Даниела Рангелова
6. Љупчо Димовски
7. Крсто Јовановски
8. Чедомир Саздовски
9. Светлана Јакимовска
10. Јасминка Дамческа
11. Владимир Нелоски
12. Андон Чибишев
13. Ирена Попова
14. Оливер Зафировски
15. Роберт Вељаноски
16. Симона Чаминска
17. Мите Костов
18. Жарко Ристоски
19. Светлана Колариќ
20. Марија Јакимовска