Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цената на струјата нема да се менува до крајот на годинава, рано е да се предвиди што после 1 јануари

0
By НОВА ТВ on October 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

До крајот на годинава нема да се менува цената на електричната енергија, а сега е многу рано да предвидиме што ќе се случува после тоа, порачаа денеска премиерот Зоран Заев и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски.

Премиерот Заев посочи дека стабилноста на цената на електричната енергија за домаќинствата е гарантирана до крајот на годината преку ЕСМ и МЕПСО, а со тоа и преку државата и додаде дека нема никакви причини за стравување.

– Верувам дека сите наши искуства и експерти кои ги имаме од МЕПСО и ЕСМ, РКЕ и сите независни експерти ќе ни се најдат за да изградиме мудри политики во интерес на граѓаните. Во периодот што претстои ќе ги искористиме сите потенцијали што ги имаме во РЕК Битола и во РЕК Осломеј. Веќе објавивме постапка за набавка на јаглен од странство за производство на електрична енергија што ќе се произведува по три до четири пати помала цена од берзанската која ја има во моментов. Сето тоа ќе значи стабилност, прво за домаќинствата, а потоа и за јавните институции и за приватниот сектор, рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата на која беше најавена големата германска инвестиција – ветерниот парк „Вирови“.

Тој нагласи дека на тој начин нашата држава постапува исто како државите во регионот и пошироко и додаде дека сме подготвени правовремено да реагираме тогаш кога ќе треба и таму каде што ќе треба.

– Нашите експерти веќе размислуваат што ќе се прави по Нова година и никој не знае што ќе се случува тогаш. Голем дел од работите зависат од цената на природниот гас и овие денови треба да се соопштат деталите од стратегијата на „Газпром“, кој задоволува повеќе од една третина од европските потреби на природен гас. Ние сме дел од глобалниот пазар и ќе ги следиме внимателно и будно сите случувања на меѓународните берзи на енергенси и со сите свои расположиви капацитети ќе гледаме нашите граѓани и нашата економија да ја донесеме во предност пред другите економии. Не би избрзувал да кажам што би направиле, но можам да потврдам дека сме тука за да им се најдеме и на граѓаните и на државата, рече Заев и посочи дека граѓаните нема да бидат оставени да се вклучат на слободниот пазар на електрична енергија.

На прашањето дали земјава планира да набави интервентни резерви на природен гас, премиерот Заев одговори дека тие се букираат квартално, полугодишно и годишно од трговците со гас, а не од државата. Тој нагласи треба да се внимава со психолошкиот момент кој може да предизвика спирала во инфлацијата и додаде дека државата има институционални, финансиски и материјални капацитети да интервенира и да помогне.

– Инфлацијата сега е некаде од 2,7 до 2,8 отсто, а цената на струјата има удел од 5,6 отсто во производната цена на производите. Некогаш знаеме да го наметнеме силно психолошкиот момент кој сам по себе може да предизвика спирала на покачување на цените. Тоа не ни е потребно. Стабилноста и подготвеноста правовремено да реагираме е многу важна за да не предизвикаме дополнително психолошки ефекти врз цените. Има комплетна стабилност на денарот, фискалните политики се комплетно подготвени, досега е реализиран 65 проценти од дефицитот, а 35-те проценти што остануваат и непродуктивните трошења се сериозен капацитет од 50 до 150 милиони евра за субвенционирање на граѓаните и фирмите доколку е потребно. Не верувам дека ќе треба ни десет отсто од тие пари, но времето ќе покаже, потенцира Заев.

Според претседателот на РКЕ, во моментот кога ќе се зголеми испораката на природен гас од Русија ќе се стабилизира цената на гасот, а со тоа и цената на електричната енергија.

– Едно е сигурно дека нема да има никакви промени на цената на електричната енергија до крајот на годинава. Во овој момент ЕСМ во соработка со Владата преземе активности да се набави јаглен со цел да се стабилизира цената на електричната енергија во државата пред се за стопанството. Премногу е рано сега да зборуваме што ќе биде од 1 јануари затоа што работите се менуваат како на филмска лента. Поконкретни информации ќе имаме во текот на декември кога МЕПСО и ЕСМ ќе ги распишат своите тендери за набавка на загуби на електрична енергија, рече Бислимоски.

Тој нагласи дека верува оти ЕСМ, како и досега и понатаму ќе обезбедува повеќе електрична енергија отколку што е предвидено со Законот за енергетика за потребите на домаќинствата и истакна дека во текот на минатата недела по најавата на рускиот претседател Путин дека ќе ја зголеми испораката на природен гас преку Украина во Европа, цената на електричната енергија на берзата во ХУПЕКС се намали за околу 20 проценти.

– Во сите земји во Европа постои проблем со цената на електричната енергија и на природниот гас, но не и со испорака на струја. Електрична енергија има, но по многу повисоки цени. Во наредниот период може да се очекува дека одредени земји пред се своето производство ќе го користат за домашни цели, но повторно ќе има и трансакции на пазарот на електрична енергија, потенцира Бислимоски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
ФОКУС

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

ВЕСТИ October 3, 2025

Американскиот претседател, Доналд Трамп во најновата денешна објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро…

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.