Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цените на становите повторно скокнаа – скопски Центар останува најатрактивен

0
By Zoran Ivanov on July 29, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

После неколку месеци стагнација, цената на становите почна повторно да се зголемува. Покачувањето е минимално, но е автентична потврда на претходните проекции кои предупредуваа дека нема да има намалување на станбениот квадрат.

Се надевавме дека цената ќе стагнира, но тоа сепак не се случи. Ако на пример минатата година цената на еден квадрат за објект во скопското Дебар маало којшто сеуште не е ни почнат со градба, односно се уште е на ниво на “дупка’чинеше 1850 евра, сега откако стартуваше изградбата се продава за 2.600 евра, велат за „Локално“ од агенцијата „Новел Недвижности“.

Сепак, во агенцијата посочуваат дека постои разлика во сумата којашто треба да се издвои за новоградба за разлика од онаа за постарите згради, па оттука станбениот квадрат во истата претходно спомената населба за постар објект изнесува 2000 евра. Подеднакво атрактивно останува и Водно каде исто како и во Дебар Маало бараната сума изнесува 2600 евра за м2 во новоградба и 2000 за постар објект. Во Козле станбениот квадрат во новоградба е за 200 евра понизок и чини 2400 евра, во Карпош (1,2,3,4) тој е 1800, во Аеродром изнесува 1700 евра, а во Кисела Вода 1600. Како актуелна локација во која во последно време многу се гради го посочува скопско Влае каде цените на новоградбите се веќе 1500 е/м2.

Во насока на детален приказ на ситуацијата со цените на недвижностите, „Локално“ доби одговори и од „ФОРТОНМКА“ – консултантска компанија за недвижен имот и партнер на алијансата Cushman & Wakefield. Оттаму посочуваат дека цената на становите зависи од неколку фактори, меѓу кои основни се големината, локацијата, квалитетот и структурата на станбените единици. Според нив, највисоките суми за м2 во Центар и во Карпош треба да се издвојат за премиум становите. Цените на останатите кои не се во рамки на оваа категорија се следни:

Во Општина Центар цената на новите станови достигнува од 1.900 еуро/м2 до 2.200 еуро/м2. Во Општина Карпош новите станови се во просек помеѓу 1.450-1.800 еуро/м2. Во другите општини опсегот е помеѓу 1.100 до 1.500 еуро/м2, велат во „ФОРТОНМКА“.

Појаснуваат дека цените на старите станови вообичаено се од 20% до 30% пониски од новите станови, и на нив влијае периодот на градба, потребниот трошок за реновирање, постоењето на лифт и паркинг како и квалитетот на градба. Коментирајќи ја актуелната ситуација во однос на сумите кои граѓаните треба да ги издвојат за новоградба или постар објект, посочуваат дека пазарот на понуда и побарувачка е избалансиран.

Истиот само повеќе ќе се сегментира ценовно во зависност од локацијата, добро организираните проекти ќе се одвојат ценовно и секој проект со поголем број станови, додадени вредности, соодветни сообраќајни и инфраструктурни решенија ќе бидат во предност, велат во „ФОРТОНМКА“.

Потврда за несмалениот интерес за станови во некои скопски општини, меѓу кои Центар е секогаш „зациментиран“ на врвот, е и последната продажба на станбени единици од страна на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во зграда на Јужен булевар-Центар. Поради огромен интерес, лицитација се одржа во два последователни дена на кои Друштвото успеа со „молскавична“ брзина да ја заврши продажбата на целиот станбен објект, откако пред 5 месеци беше организирано првото јавно надавање за оваа зграда.

Почетната цена по метар квадратен на која купувачите лицитираа на 15 и на 16 јули изнесуваше 1450 евра, просечно постигнатата цена достигна 1916 евра а највисоко постигнатата -2063 евра. Целиот процес се одвиваше на транспарентен и успешен начин, а впечатливo големата заинтересиранот на купувачите е за нас уште една потврда за довербата кон нашето Друштво кое останува препознатливо по високите стандарди на градба, квалитет и доследност, велат од АДИССДП.

За сега никој не се осмелува да излезе со прецизни проекции за понатамошната насока во која што ќе се движи пазарот на недвижности. Според аналитичарите, многу фактори можат да влијаат, а меѓу основните се цените на материјалите, како и недостигот на работна сила што ги зголемува трошоците за плати. Еден од условите е и континуираното намалување на локациите за градба кои речиси веќе и ги нема особено во скопската општина Центар. Линк

К.В.С.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

ВЕСТИ September 28, 2025

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот…

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.