Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Центарот за полициска обука доби Сертификат за меѓународна акредитација

0
By Ivana on March 30, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е Кејт Мари Брнз во Центарот за обука во Идризово присуствуваше на свечениот чин по повод предавањето на IADLEST – Сертификатот за меѓународна акредитација на Центарот за полициска обука.
Во своето обраќање Спасовски рече дека со стекнатата меѓународна акредитација, Центарот за обука практично е прв таков образовен Центар во нашата држава, наменет не само за потребите на министерството, туку и за сите оние институции кои што работат на спроведување на законите со посебни овластувања.
– Со оваа меѓународна акредитација не само што се збогатува професионалното портфолио на Центарот за обука, туку истовремено се отвораат нови образовни перспективи за уште поквалитетна стручна и професионална едукација и специјализација на вработените во безбедносните структури, за натамошно пренесување на нови меѓународни искуства и практики следствено модерните полициско-безбедносни стандарди, потенцираше Спасовски.
Министерот Оливер Спасовски, упатувајќи честитки до колегите од Центарот за обука, изрази уверување дека ова остварување ќе биде дополнителен мотив да се продолжи со успешното развивање и функционирање на Центарот.
Амбасадорката на САД Н.Е Кејт Мари Брнз при обраќањето пред присутните напомена дека примената на најдобрите практики за обука на оние кои се жртвуваат себеси за безбедноста е исклучително значајна, а поддршката од министерот Спасовски на овие заложби, во политичка смисла и ресурси, ќе обезбеди успех на Центарот за полициска обука.
– Северна Македонија нека биде лидер во регионот проширувајќи ја соработката и партнерствата во делот на спроведување на законите. Амбасадата на САД е горда што е ваш партнер во Центарот за полициска обука, како и во други значајни заложби во делот на спроведување на законите и сѐ она што значи јакнење на владеење на правото и безбедноста за граѓаните на Северна Македонија, потенцираше амбасадорката, притоа упатувајќи порака дека силното партнерство во делот на безбедноста започнува со полицијата.
Амбасадорката порача да се чуваат полициските службеници за да останат мотивирани, како што биле кога влегле во службата.
Помошник министерот на Центарот за обука, Гоце Бачанов, се наврати на почетоците, нагласувајќи дека денешниот организациски формат на Центарот официјално отпочна со работа на 01.08.2008 година, како резултат на трансформацијата на тогашната Полициската академија.
– Во Центарот се реализира основна обука за полицаец, континуирани обуки за вработени на МВР, специјална обука и обука за менаџмент, како и обуки со меѓународен предзнак. Со добивањето на оваа акредитација која е од меѓународен карактер, Центарот за обука веќе се вбројува во редот на елитни полициски тренинг центри во Европа, истакна Бачанов.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025
ФОКУС

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

ВЕСТИ October 21, 2025

Во Скопје вечер во 20 часот, во „Холидеј Ин“ ќе се одржи премиерата на документарниот…

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025

Ватикан: Папата канонизираше седум нови светци

October 19, 2025
ТИКЕР

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.