Украинските сили имаат намера „некое време“ да ја задржат руската територија што ја зазедоа и очекуваната руска контраофанзива ќе биде тешка битка за Русите, изјави заменик-директорот на ЦИА, Дејвид Коен.
Рускиот претседател Владимир Путин ќе мора „да се справи со последиците во сопственото општество“ од губењето на руската територија, рече Коен на разузнавачка конференција.
Коен рече дека верува оти Путин ќе започне контраофанзива, но очекува тоа да биде тешка битка за Русите.
Украина тврди дека контролира повеќе од 1.200 квадратни километри од руската област Курск.