Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас: Сириза, меѓу другото, меѓународниот имиџ на Грција го обнови и со Договорот од Преспа

0
By Marta Pesevska on June 29, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За лидерот на Сириза и поранешен премиер на Грција Алексис Ципрас, кој денеска соопшти дека поднесува оставка на лидерската позиција во партијата, Договорот од Преспа е еден од трите најважни постигнувања што ги оствари Грција во периодот кога неговата партија беше на власт, заедно со извлекувањето на Грција од меморандумите и за подмирување на долгот на земјата и со реформите што го кренаа стопанството.

– Денеска, на овој важен ден за мене, изјавувам дека сум горд за она што го постигнавме. За излезот од меморандумите и подмирувањето на долгот. За излечените рани на општеството и економијата. За вратениот меѓународен имиџ на Грција. И секако за историскиот Договор од Преспа, порача Ципрас.

Соопштувајќи го повлекувањето од лидерската позиција во партијата го повтори она што го кажа во неделата по изборите дека се затвори еден историски циклус за СИРИЗА, но и дека е време да се отвори нов, следен циклус, а „почеток може и треба да биде негативниот изборен резултат“. – Постојат одредени моменти кога си повикан да донесеш критични одлуки, кога си повикан да застанеш пред историјата, пред оние со кои чекореше заедно, пред оние кои ти веруваа и те поддржаа, пред себеси, истакна Ципрас во емотивната изјава со која ја соопшти својата одлука и со која најави дека останува во редовите на партијата за се ресоздаде една нова СИРИЗА, која ќе може отворени очи да ги чита новите контрасти и новите струи на општеството, новите предизвици на времето и да одговара на очекувањата на оние што ги сака и ги избрала да претставува.

Извор: Рацин.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.