Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИТАКС: Најавените „даночни реформи“ се поблиску до ад-хок мерки, веројатно се поттикнати од фискална нужност, но не и од желба за реформи

0
By Sashko on August 12, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: bankometar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најавените „даночни реформи“ се поблиску до дефиницијата на ад-хок мерки, најверојатно поттикнати од фискална нужност, но не и од желба за реформи, бидејќи не се базираат на економски и финансиски анализи кои се транспарентни и стратешки врамени кои ќе обезбедат предвидливост за сите засегнати страни, наведува Групата ЦИВИТАКС во денеска објавениот став за предложената даночна реформа.

Од таму велат дека овие т.н. „даночни реформи“ се фокусираат и се базираат само на зголемување на даночна база заради фискални цели и порачуваат дека даночни реформи се повеќе од прибирање на приходи во централниот буџет. Даночни реформи, посочуваат, треба да бидат најмалку заради фискален ефект, а повеќе за: ефикасен и еднаков третман на економски оператори, обезбедување на еднаков даночен товар на даночните обврзници и отстранување на пазарни девијации, јасно дефинирање на даночни цели, стабилност и предвиливост на даночниот систем, јасно кодифициран административен даночен систем во законската и подзаконската регулатива кој овозможува максимизирање за усогласување со даночната регулатива од страна на даночните обврзници, јасна поврзаност на даночниот систем со фискалните, економските и социјалните цели во државата, итн.

Оттука, стои во ставот, Група ЦИВИТАКС укажува на недоследности, недоречености, нетранспарентност и недостаток на стратешки пристап за да навистина се влезе во даночни реформи.

Според ЦИВИТАКС, недостасува консултација со целосни и истовремено достапни информации за сите. Укажуваат дека даночните измени, од кои дел имплицираат важни промени во даночниот систем, не се објавени официјално, туку во јавноста проциркулира презентација која Министерството за финансии ја користело на досега-изведените средби со бизнис секторот.

Смета дека е потребен општестевен консензус за поголеми и поширокоопфатни даноци. Бара Владата да елаборира за напредокот во борбата со сивата економија, во смисла на остварени резултати, пред да може квалитетно да се дискутира за какви било даночни измени.

Како што стои во ставот, Групата ЦИВИТАКС остро се спротивставува на намерата да се воведат придонеси на договори за привремено и повремено вршење работа, од повеќе причини.

„Сегашната намера да се воведат придонеси на договорите за привремено и повремено вршење работа е решение кои припаѓа на друго време во кое и сегашната владејачка партија, а тогашна опозиција, истото го напаѓаше и критикуваше. Со сегашната намера за определување придонеси на овие договори, третманот на надоместот се менува од промет од извршени услуги во приход од работа. Ваквото произволно и паушално менување на правниот (и даночниот) третман на надоместоците од договорите за привремено и повремено вршење работа е сериозно удирање по правните темели и флагрантно поткопување на владеењето на правото. Без анализа на тоа кои се лицата кои вршат привремена и повремена работа, дејноста во која тоа го прават, нивниот профил и сл., секое решение е однапред осудено на малверзации и, во крајна линија, неможност за имплементација“, образложува Групата ЦИВИТАКС.

Порачува дека не прифаќа воведување на придонеси на надомест од повремена и привремена работа и обидот го смета за флагрантно поткопување на владеењето на правото. Го поздравува отстранувањето на прагот за неплаќање социјални придонеси на доходот од вработување, што, како што посочува, било нивно барање од ноември 2018 година.

Според Групата Цивитакс, потребен е општествен консензус за трошењето на народните пари. Владата, потенцираат од таму, мора да поработи на ефикасноста на расходната страна на буџетот, на зголемена одговорност и отчетност, на зголемување на казнивоста на злоупотреба од висока корупција и целосно одробување на државата, како што е елаборирано од почетокот на овој став. Исто така, да работи на намалување на нејзината улога на пазарите за да остави средствата да бидат ефикасно алоцирани од економските оператори, да го намали бројот на регулаторните тела и разни буџетски корисници од прва линија кои не ја извршуваат функцијата за која постојат и ќе мора да го консолидира обемот на јавниот сектор. Воедно и да го намали државниот апарат и мора да ја зголеми ефикасноста на јавната администрација до степен кога мора да има и отпуштања на оние кои не можат да ги совладаат потребните вештини и знаења за да одговорат на потребите на граѓаните.

Основачки членки на Група ЦИВИТАКС кои, според соопштението, во краток рок дале согласност за ставот за даночните реформи се: Центар за економски анализи, Finance Think – Институт за економски истражувања и политики, Центар за даночна политика, Институт за општествени и хуманистички науки, Фондација Отворено општество – Македонија, Транспаренси Интернешнл – Македонија, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Евротинк – Институт за европски стратегии и Центарот за управување со промени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.