Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црковната делегација на МПЦ-ОА ја заврши 5-дневната посета на Фанар, Истанбул

0
By Mirjana on June 13, 2022 ПОЛИТИКА
Photo: Religija.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со Божествена литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот на МПЦ- ОА г. г. Сгефан, во црквата посветена на „Света Троица“ во познатиот реон Таксим во Истанбул, заврши петдневната посета на македонската црковна делегација на седиштето на Вселенската Патријаршија во Фанар, каде за прв пат се одржа патријаршиска и синодална литургија со која чиночалствуваа патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан.

Додека г.г. Стефан придружуван од епископот Хераклејски Климент и Антанискиот епископ г. Партениј, како и од јеромонаси од Вселенската патријаршија и од Охридската архиепископија, го изведуваше празничното обредно молење, Патријархот Вартоломеј, молитвено присуствувал во олтарот на храмот и ја следел богослужбата која се одвивала на македонски и на грчки јазик.

На крајот од литургијата била  прочитана поздравната беседа од страна на архиерејот Ставродромион а беседа од митрополитот на Саранда ,Еклисиес г. Андреј.

„Денеска како и вчера, уживаме во величието на радоста на единството и во силата на Божјата милост преку Црквата и тоа преку Константинополската Мајка Црква. Се наоѓате во центарот на најсветата Константинополска Архиепископија. Во нашиот свештен храм долго време се опслужува црковниот живот во центарот на градот. Се бориме според духовните и канонските повеленија на нашиот господин и архипастир, Вселенскиот патријарх и чекориме по патот на спасението. Убеден сум дека Неговата сесветост, овој мудар црковен маж на нашата Црква, заедно со точноста на црковниот акт за вашето востановување во единство, сигурно ќе наиде на домаќинство и на широк дух што ќе го примени тоа, со познание на духовната полза на народот Божји и на потребите на Црквата Негова”, се наведува меѓу другото во поздравната беседа на митрополит на Саранда Еклисиес г. Андреј.

Архиепископот Стефан, и овој пат упатил благодарност.

„Доаѓајќи наваму, патувавме со различни чувства: со нестрпливост, со мечта, со надеж, со страв, со неизвесност, со колебливост и сл. Но, сега сето тоа го оставивме овде, го пуштивме низ Златниот Рог и во Босфорот, за брановите да го однесат далеку. А ќе заминеме со радост вистинска, со копнеж за Црквата, љубов за единството, со восхит за Мајката Црква Константинополска, којашто толку мудро знае да го заштитува она што ѝ го завештале Соборите и Преданието, и со тоа да ни добротоври на сите нас. Ете, оттаму ги нацрпивме смелост, духовното укрепување, просветлението, се напоивме од тој извор на љубов кон Црквата – од љубовта што ја покажувате Вие, Ваша Сесветост, зедовме сила од Градот и бевме поткрепени од Духот Свет, рекол архиепископот Стефан.

Се обрати и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

„Тоа е животот на Црквата. Една трајна и продолжена Педесетница. Еден пламен, кој треба освежително да го жари нашето срце, за да ги проповедаме величијата Божји. Незамислива е Црквата без дихание, без ревност, без жртва, без труд, солзи и болка, за да се изобрази Христос во нејзините чеда. Го искусивте величието и едноставноста на Великата Христова Црква. Ја видовте нашата љубезност. Ја вкусивте искрената љубов од сите нас. Дишевте од чистиот воздух на Цариград, не по човечката, туку според богочовечката страна,  рекол меѓу другото Вартоломеј. 

Тој рече дека се радуваат за неодамнешната пројавена добра соработка и братска согласност со најсветата Црква на Србија.

„Секако, напомнуваме дека изразените ставови на Српската Црква за доделување на автокефален статус опасно се отклонуваат од преданиската пракса на нашата Света Христова Велика Црква. Го почестуваме, значи, вашето досегашно исправно позиционирање по ова и ве поттикнуваме да имате доверба и посветеност на Светата Христова Велика Црква, како што веќе добро и канонски направивте со вашите повикувања на еклитон кон нас. Ве пофалуваме, ве благословуваме, ве прегрнуваме со љубов и со голема родителска грижа и ја подигаме оваа чаша за здравје на сите сотрпезници на оваа радостотворена трпеза и за запечатување на овој знаменит и светловиден ден. За многу години!, порачал вселенскиот патријарх Вартоломеј. (М.Т.)

 

Заврши 5 дневната посета на црковната делегација на Фанар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.