Над 66 години, 2 или 11,11% се на 70 години и 1 кандидатка на 74 години и една 1 кандидатка на 79 години.
Табела број 3 Кандидатки според возрасна група и предлагач | ||||||||
Возрасна група – жени | Вкупно | |||||||
Предлагач | 18-20 | 21-29 | 30-35 | 36-45 | 46-55 | 56-65 | над 66 | |
1 | 5 | 10 | 5 | 6 | 4 | 2 | 0 | 32 |
2 | 0 | 1 | 0 | 1 | 5 | 2 | 0 | 9 |
3 | 1 | 11 | 8 | 17 | 9 | 5 | 2 | 53 |
4 | 0 | 0 | 2 | 2 | 5 | 9 | 23 | 41 |
5 | 4 | 15 | 6 | 18 | 2 | 3 | 0 | 48 |
6 | 0 | 4 | 4 | 22 | 15 | 6 | 0 | 51 |
7 | 3 | 17 | 13 | 12 | 6 | 1 | 1 | 53 |
8 | 1 | 15 | 9 | 15 | 16 | 3 | 0 | 59 |
9 | 2 | 6 | 6 | 8 | 15 | 12 | 5 | 54 |
10 | 1 | 4 | 5 | 4 | 19 | 10 | 10 | 53 |
11 | 1 | 5 | 2 | 9 | 9 | 12 | 10 | 48 |
12 | 0 | 3 | 2 | 5 | 3 | 8 | 7 | 28 |
13 | 0 | 7 | 9 | 17 | 10 | 5 | 0 | 48 |
14 | 1 | 2 | 3 | 13 | 8 | 3 | 5 | 35 |
15 | 1 | 3 | 9 | 7 | 12 | 8 | 13 | 53 |
16 | 1 | 0 | 0 | 3 | 5 | 5 | 4 | 18 |
17 | 0 | 1 | 2 | 4 | 6 | 10 | 11 | 34 |
Вкупно | 21 | 104 | 85 | 163 | 149 | 104 | 91 | 717 |
Легенда: 1. Аваја – Доста е! 2. Група избирачи Џула Челику, 3. Движење ЗНАМ, 4. Единствена Македонија, 5. Коалиција „Европски фронт“, 6. Коалиција “Твоја Македонија“, 7. Коалиција “ВЛЕН“, 8. Коалиција за „Европска иднина“, 9. Коалиција „Хабро за Македонија“, 9. Македонска Ера Трета/Македонски Независни Листи – Суверенисти, 10. Демократи, 11. Десна, 12. Левица, 13.Нова алтернатива, 14. Родина, 15. Работничка партија и 16. Твоја партија |
Но, доколку се погледне структурата на предложените кандидатки во однос на вкупно предложениот број кандидати во листите на предлагачот, тогаш може да се воочи дека 49,17% од предложените на Колацијата „Европска иднина“ се кандидатки, дека во Групата на избирачи Џула Челику, Коалицијата „Храбро за Македонија“ и Работничката партија се 45,00%, 44,54% се кандидатки на листите на Македонска трета ера, 44,17% на листите на Движењето ЗНАМ, Коалицијата „ВЛЕН“ и Родина. Со 41,00% се на листите на Единствена Македонија, со 41,00% на листите на Коалицијата „Твоја Македонија“, со 40,00% на листите од Коалицијата „Европски фронт“, Демократи, Левица и Аваја – Доста е! И со 35,44% се кандидатките на листите од предлагачот Десна.
Од податоците може да утврдиме дека од предложените 80 кандидати предлагачот Аваја – Доста е! Предложил 32 или 40,00% од вбројот на предложените. Од нив 15 или 46,88% од предложените кандидатки се навозраст меѓу 18 и 29 години, 11 или 34,38% се на возраст меѓу 35 и 45 години и 6 или 18,75% на возраст од 46-65 години.
Група избирачи Џула Челику, предложила 20 кандидати од нив 9 или 45,00% се кандидатки. Од оваа група 1 кандидатка е на возраст меѓу 21 и 29 години, 1 е на возраст од 35-40 години 5 меѓу 46-55 години и 2 кандидатки меѓу 56-65 години. Може да констатираме дека кај овој предлагач доминантно кандидатките се на возраст од 46-65 години. Имено, од 30-55 години се кандидирани 9 или 21,95% кандидатки, на возраст од 56-65 години.
Движењето ЗНАМ, предложило листи со 120 кандидати, од кои 53 или 44,17% се кандидатки. Од предложените кандидатки 12 или 22,64% се на возраст од 18-29 години, 25 или 47,17% на возраст од 30-45 години, 14 или 26,42% се на возраст од 46-65 години и 2 или 3,77% се кандидатки над 66 години.
Политичкиот субјект Единствена Македонија предложил листи со 100 кандидати, од кои 41 или 41,00% се кандидатки. На листите нема кандидатки на возраст од 18 – 29 години.
Од 30-45 години се 4 или 9,76% кандидатки, 14 или 34,15% се на возраст од 46-65 години и 23 или 41,10% се кандидатките со 66 и повеќе години. Специфично е што во оваа група кандидатките доминантно се во годините од втората половина.
Подеталната анализа вели дека на возраст од 66-70 години се 11 или 26,83% од предложените кандидатки, 10 или 24,39% се на возраст од 71-80 години и 2 или 4,88% се на возраст од 81-90 години.
Коалиција „Европски фронт“ предложила листи со 120 кандидати од кои 48 или 40,00% се кандидатки. Во групата на кандидатки 19 или 39,58% се на возраст од 18 – 29 години, 24 или 50,00% се на возраст од 30-45 години, 5 или 10,42% се на возраст од 46-65 години. Во оваа група нема кандидатки над 66 години.
Коалиција “Твоја Македонија“, предложила листи со 120 кандидати од кои 51 или 42,51% се кандидатки. Од вкупниот број предложени кандидатки, 4 или 7,84% се на возраст од 21-29 години, 26 или 50,98% се на возраст од 31 – 45 години и 21 или 41,18% на возраст од 46-65 години.
Коалиција “ВЛЕН“, на изборните листи кандидирала 120 кандидати од кои 53 или 44,17% се кандидатки, од нив 20 или 34,74% се на возраст од 18-29 години, 25 или 47,17% се на возраст од 30-45 години, 7 или 13,21% се на возраст од 46-65 години и 1 или 1,89% е над 66 години.
На кандидатските листи на коалиција за „Европска иднина“ се кандидирани 120 кандидати од кои 59 или 49,17% се кандидатки. Од нив 16 или 27,12% се на возраст од 18-29 години, 24 или 40,68% се на возраст од 30-45 години, 19 или 32,20% се на возраст од 46-65 години. Во оваа листа нема кандидатки над 66 години.
Од 120 предложени кандидати на кандидатските листи на Коалиција „Хабро за Македонија“, 54 или 45,00% се кандидатки. На возраст од 18-29 години се кандидирани 8 или 14,81% кандидатки, 14 или 25,93% се на возраст од 30-45 години, 27 или 50,00 се на возраст од 36-45 години и 5 или 9,26% се кандидатки со возраст над 66-70 години.
Предлагачот на кандидатските листи Македонска Ера Трета/ Македонски Независни Листи – Суверенисти, предложил 119 кандидати од кои 53 или 44,54% се кандидатки. Од нив 5 или 9,43% се на возраст од 18-29 години, 9 или 16,98% се на возраст меѓу 30 – 45 години, 29 или 54,72% се на возраст од 46 – 65 години и 10 или 18,87% се над 66 години.
Во оваа група од 66-70 години се 7 или 13,21%, од 71 -80 години 2 или 4,49% и 1 или 2,44% кандидатка е 89 години.
Предложените листи со кандидати од политичкиот субјект Демократи е со 120 кандидати од кои 48 или 40,00% се кандидатки. Возрасната група кандидатки од 21 -29 години е со 6 или 12,50% кандидатки, 11 или 22,50% се на возраст од 30-45 години, 21 или 43,75% се на возраст од 46-65 години и 10 или 20,83% се на возраст над 66 години (Од нив 5 или 10,42% се на возраст од 66-70 години, 4 или 8,33% на возраст од 71-80 години и 1 кандидатка на 82 години).
Кандидатските листи на политичката партија Десна се со 79 кандидати од кои 28 или 35,44% се кандидатки. Од оваа група 3 или 10,71% се на возраст од 18-29 години, 7 или 25,00% на возраст од 30-45 години, 11 или 39,29% се на возраст од 46-65 години и 7 или 25,00% се на возраст над 66 години (од нив 3 или 10,71% се на возраст од 66-70 години, 4 или 14,29% се на возраст од 71-79 години).
Политичката партија Левица, поднела кандидатски листи со 120 кандидати од кои 48 или 40,00% се кандидатки. Седум (7) или 14,58% од кандидатките се на возраст од 18-29 години, 26 или 54,17% се на возраст од 30-45 години, 15 или 31,25% се на возраст од 46-65 години. Над 66 години нема кандидатки.
Нова алтернатива е предлагач на листи со 80 кандидати од кои 35 или 43,75% се кандидатки. Од нив 3 или 8,57% се на возраст од 18-29 години, 16 или 45,71% се на возраст од 30-45 години, 11 или 31,43 се на возраст од 46-65 години и 5 или 14,29 се над 66 години (во оваа група 1 или 2,86% е на возраст од 68 години, 3 или 8,56% се на возраст две кандидатки од 72 и една од 74 години и 1 или 2,86% е на 85 години).
Политичката партија Родина предложила листи со 120 кандидати од кои 53 или 44,17% се кандидатки. Од нив 4 или 7,55% се на возраст од 21-29 години, 16 или 30,19% се на возраст од 30-45 години, 20 или 37,74% се на возраст од 46-65 години и 13 или 24,53 се на возраст над 66 години (од оваа група од 66-70 се 7 или 13,21% кандидатки, 5 или 9,43% се на возраст од 71-80 години и 1 или 1,89% е на 85 години возраст.
Работничка партија поднела кандидатски листи со 40 кандидати за пратеници, од кои 18 или 45,00% се кандидатки. Од нив 1 или 5,56% е на возраст од 18-29 години, 3 или 16,67% се на возраст од 30-45 години, 10 или 55,56% се на возраст меѓу 46-65 години и 4 или 22,22% се над 66 години (2 или 11,11% се на 70 години и 1 кандидатка на 74 години и една (1) кандидатка на 79 години).
Предлагачот Твојата партија има поднесено листи со 79 кандидати, од нив 34 или 43,04% се кандидатки. Возрасната структура на кандидатките изгледа вака; на возраст од 18-29 години е 1 или 2,945 кандидатка, од 30-45 години се 6 или 17,65% од кандидатките, 16 или 47,06% се кандидатките на возраст од 46-65 години и 11 или 32,35% се на возраст над 66 години (од 66-70 години се 8 или 23,53% од кандидатките, 2 или 5,88% се на возраст од 75 и 78 години и 1 или 2,94% е на 90 годишна возраст).
Од деталниот приказ на вклученоста на кандидатките на кандидатските листи на учесниците во изборниот процес на парламентарните избори на 8 Мај 2024 година, можеме да констатираме дека подносителите на листите, политичките партии, нивните коалиции и граѓаните предложиле кандидатки, согласно општествените тенденции и општата политика за позначајна или еднаква вклученост на листите со кандидати од двата пола.
Отстапувањето за нешто помалку од 15% во зачестеноста на предлозите покажува дека во општествените средини и во политичките организации има расчекор меѓу декларативното и стварното. Но, исчекор има и тој треба да се охрабри кон остварувањето на еднаквоста на жените и мажите во достапот на можностите и остварувањето на целите.
Посебна специфичност на листите е што во неа кај значаен дел од подносителите на листите доминираат кандидатките на возраст од 36-45 години, потоа кандидатките од 46-65 години. Но одделни подносители во листите вклучиле и определен број на кандидати кои припаѓаат на посериозните возрасни периоди, што објективно отвора простор за бројни оценки и претпоставки. Во секој случај на избирачите во Македонија, им се понудени кандидатски листи и кандидати, кои располагаат со кандидатски потенцијал набљудуван низ призмата на возраста, младоста и половата разлика.
Врз основа на досегашното излагање може да се утврди дека кадровската слика што е понудена во листите на кандидатите, набљудувана низ карактеристиките, како што се партиска идентификација, возраста, половата специфичност, територијалната, односно регионалната вклученост во претставничкото тело се дел од елементите што ја сочинуваат основата за поттикнување на граѓанинот избирач на денот на изборите да излезе и да донесе одлука, односно да се определи за листата што, според моделите на истражување, како што илустрираат истражувачките резултати и изборните искуства, имаат влијание во определувањето и донесувањето на одлуката.
Податоците во целина укажуваат дека во Македонија, изборното поведение на субјектите што учествуваат на изборите ги задоволуваат утврдените услови за вклучување на жените на кандидатските листи, со настојување да се постигне состојба на еднаква (еквивалентна) вклученост во составот на кандидатските листи. Понудената анализа укажува дека на тој план се остварени определени резултати, но дека има простор за отворање нови хоризонти и за промовирање на концептот 50:50 за обата пола.
Податоците од анализата на листите со кандидати укажува дека, на листите има определени резултати во однос на вклученоста на возрасните групи, а во тој контекст, особено на младите. Иако во македонското општество поимот „млади“ е растеглив и се интерпретира според потребите, несомнено, станува збор за генерациски проблем, кој е поврзан со заокружувањето на третата деценија од живот. Токму затоа во анализата на податоците возрасните групи од 18-20 и 21-29 години се анализирани како една група.
Овде треба да се укаже дека и останатите возрасни групи, особено оние што се поврзани со стабилизираниот продуктивен период, кој го чини костурот и носечкиот дел на населението е значајно вклучен во кадровската понуда на предлагачите на кандидатските листи.
Специфично во возрасната структура на кандидатските листи е што кај одделни предлагачи, на кандидатските листи има значително повисок процент на вклучени на возрасните групи, особено на оние групи кои припаѓаат на средната и особено стара возраст, што како прашање заслужува посебно влијание, како од аспект на процената на кадровските способности на предлагачите, така и во однос на градењето на изборните стратегии за насочувањето на изборното однесување на избирачите.
Една од карактеристиките на кандидатските листи е позиционирањето и редоследот на кандидатските листи од аспект на возрасната структура, регионалната припадност и половата специфичност. Тоа е посебно актуелно затоа што кандидатската понуда за изборите е значајна, тоа ќе услови определена дисперзија на избирачкото тело, што ќе услови и ќе придонесе за нееднаква можност за алокација на кандидатите според определени обележја.
Анализата на податоците објавени на официјалната интернет страница на Државната изборна комисија покажуваат дека кај значаен дел од предлагачите на листите се вклучени кандидати од скоро сите општински центри. Тоа, не само да е во функција на мобилизирањето на избирачите на кои им од особено значење да имаат претставник во претставничкото тело, туку и е дополнителен фактор на идентификација на поединецот како припадник на определена локална заедница, која како таква има специфичности и припаѓањето кон неа е дополнителен мотивациски стимуланс во формулирањето на одлуката.
Податоците исто така укажуваат за зачестеноста на кандидати од одделни средини во Македонија, што покрај регионалните аспекти во себе содржат и определени специфичности во идентификацијата на поединците по етнички или други специфичности, на пример како што се религиските (иако за ова обележје нема податоци и тешко може да се изведе консеквентен став, можеби повеќе би можеле да зборуваме за претпоставка).
Во целина кандидатските листи за претстојните парламентарни избори во Македонија обезбедуваат претпоставки за организирање на општи и непосредни избори затоа што има бројна понуда на изборни листи кои припаѓаат на предлагачи со различни програмски ориентации.
Досегашната изборна кампања фокусот на кадровската понуда го позиционира на лидерот на Партијата и носителите на листите по изборни единци. Можеби и затоа, во она што доминира во медиумите како содржина, се нападите, личните навреди, дискредитации, а се помалку се зборува за кадровскиот потенцијал.
Во тој контекст може да се набљудува зошто е изразен интересот кон особено возрасните групи, зошто определени „непринципиелни“ (можеби поточно популистички) залагања, како што е определбата системот на вложувања во пензискиот систем да се девалвира преку теоријата на „еднакви стомаци“, а не со промислување на системски политики на социјалната заштита преку кои ќе се сочува логиката на системот и ќе се заштитат ранливите групи на пензионерите. Токму таквиот пристап, специфичен за волунтаризмот (самоволието во политиката), го стеснува прагот и можностите да трага по факторите што го определуваат изборното однесување.
Вкупниот аналитички контекст упатува дека на овие парламентарни избори е понуден кадровски состав за претставничкото тело, што на еден или друг начин ќе ги одрази специфичностите на македонското избирачко тело, ќе ги афирмира социјалните и други специфичности на заедницата, ќе понуди оптимален и рационален избор и ќе создаде претпоставки за конституирање на власт според доминантното изборно определување на граѓаните.
Изборите се обликот преку кој се легитимизира управувачката структура, власта за наредните четири години. Затоа тие се толку значајни и одговорни процеси.
Април 2024 / Крај на аналитичкиот серијал „Цртички за кандидатската понуда за парламентарните избори во мај 2024“ што за НОВАтв.мк го подготви проф. Д-р Цане Т. Мојаноски.