Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цртички за кандидатската понуда за парламентарните избори во мај 2024 година

0
By Marija Todorovska on April 27, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Проф д-р ЦанеТ. Мојаноски

Второ продолжение:

Кога се зборува за изборниот систем, всушност се зборува за принципите на избирачкото право и изборната техника. Изборниот систем најчесто се определува како збир на норми со коишто се регулираат изборните принципи и односи, односно тој поим го опфаќа збирот на постапки и дејства со коишто се врши избор на државните и други органи, а посебно на парламентот, како претставничка институција. Можеме да констатираме дека изборниот систем претставува сложен механизам на норми и дејства и бројни носители.

Кандидирањето на кандидатите – појдовна фаза на изборниот процес

Со него, се опфатени и правните и фактичките односи и дејствија што се применуваат во постапката на изборот на претставничките тела и на други органи и тела. Во литературата се укажува дека изборниот систем е производ и на други правни и не правни правила како и на фактички однесувања.

Оттука, изборниот систем, како што вели професорот Шкариќ, не е само правна туку и политиколошка или социолошка категорија.

Во врска со изборите значајно е да се спомене дека изборната техника како збир на дејства и инструменти се применува избирачкото право во изборниот процес. Изборната техника е суштинско и политичко прашање.

Кандидирањето или предлагањето кандидати е појдовната фаза на изборниот процес. Од неа зависи демократскиот карактер на изборите. Ако избирачите имаат влијание врз предлагањето кандидати за носители на политички и други функции, во таков случај, изборите можат да бидат демократски чин. И обратно, ако избирачите немаат таква можност, во таков случај, изборот се трансформира во потврдување на претходно избраните кандидати од страна на политичките партии или на другите фактори.

Во изборниот процес се препознаваат два субјекти на предлагање на кандидати за изборни функции: политичките партии и граѓаните. Како најприменувана практика е таа, кандидирањето да го вршат политичките партии како субјект.

Државната изборна комисија прифатила 1.677 кандидати, а отфрлила 98.

До кандидатите се доаѓа како предлог на партиското раководство; од страна членовите на партијата, од страна на симпатизерите, како и со самокандидирање, преку јавен оглас. Граѓаните се субјект на предлагањето кандидати. Во практиката доминира групната кандидатура или кандидатурата чијшто носител е група граѓани.

На парламентарни избори 2024 учествуваат 17 предлагачи на листи, од кои 10 политички партии самостојно 6 коалиции и 1 независна листа

Кандидирањето има демократски облик, ако е засновано врз следниве два принципи: прво, постоење на повеќе кандидати за едно изборно место и второ, постоење на повеќе кандидати со различни изборни програми.

Овие денови на интернет страницата на Државната изборна комисија се објавени потврдените листи на политичките партии, изборните коалиции и независните предлагачи. Според податоците достапни на официјалната web страница на овој државен орган, на годинешните парламентарни избори учествуваат 17 предлагачи на листи, од кои 10 политички партии самостојно 6 коалиции и 1 независна листа.

Државната изборна комисија прифатила 1.677 кандидати, а отфрлила 98. При тоа, листи со 120 кандидати се прифатени од „Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија“, Коалицијата “Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „ВЛЕН“, Коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ, Коалиција „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, и политичките партии Демократи, Левица и Родина. Со 119 прифатени кандидати е политичкиот субјект „Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листи – Суверенисти“, додека политичкиот субјект Единствена Македонија прифатени се 100 кандидати, со по 80 се политичките субјекти Аваја – Доста е! и Нова алтернатива, додека на политичките субјекти Твоја партија и Десна им се прифатени листи од 79 кандидати, Работничката партија со 40 и на Групата избирачи Џула Челику е прифатена листата со 20 кандидати. На листите како потврдени кандидати остануваат 1.677 кандидати.

Меѓу политичките субјекти чии листи со кандидати се отфрлени е Работничката со 79, Десна со 18 и Единствена Македонија со 1 кандидат.

Може да констатираме дека на годинешните парламентарни избори, како носители на постапката на кандидирање пред надлежниот државен орган се граѓаните, со независни листи и политичките партии, самостојно или во коалиции.

Од податоците може да се констатира, прво, дека постојат повеќе листи на кандидати за изборна единица и второ, постојат повеќе кандидатски листи со различни изборни програми.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.