Проф д-р ЦанеТ. Мојаноски
Петто продолжение:
Карактеристики на кандидатските листи: жени – мажи
Во предлогот на листите и Извештајот на Државната изборна комисија, еднаквите можности меѓу мажите и жените, што е нормативно уредено кај нас, се употребува поимот родова застапеност, што во основа се сведува на половата идентификација на кандидатите. Во анализата се користат поимите околу кои постои согласност и се нормативно се уредени.
Од понудениот графикон може да се воочи дека од 1677 кандидати 717 или 42,75% се кандидатки, а 960 или 57,25% се кандидати. Овој глобален пресек покажува дека за 14,49% е помал бројот на кандидатките во вкупниот број на предложените на листите.
Кандидати за пратеници според полот и возраста:
Според возраста најбројна возрасна група се предлозите на возраст од 36 години. Предложени се 47 кандидати. Потоа следуваат оние со 52 години, со 46 предложени кандидати, со 45 години 44 години, исто толкав број и со 59 години, па следуваат кандидатите со 33 и 40 години со 43 кандидати.
Од предложените кандидатки по 22 се на 33 и на 52 години, по 21 се на 32 и 49 години, 20 кандидатки се на 40 години и по 19 кандидатки се на 36, 45 и 46 години, потоа по 18 кандидатки се на возраст од 23, 38 и 39 години и по 17 кандидатки се на возраст од 41, 44, 51, 54 и 59 години.
Возраста на кандидатите има определени специфичности. Имено во оваа група нај зачестена возраст е онаа од 47 години со 30 кандидати, потоа со 56 години 29 кандидати, со 36 години 28 кандидати, со 53 години 26 кандидати и со 35, 42, и 45 години по 25 кандидати.
Податливи карактеристики се забележуваат кај кандидатките на листите за претстојните парламентарни избори. Имено од предложените 717 кандидатки 21 или 2,93% се на возраст од 33 години, 20 или 2,79% се на возраст од 52 години, по 19 или 2,65% кандидатки се на возраст од 32, 40, 45 и 46 години и по 18 или 2,51% кандидатки се на возраст од 38, 39 и 49 години.
Од 960 предложени кандидати на листите за парламентарните избори во 2024 година најбројни се (29 или 3,02%) оние на возраст од 47 години, потоа 28 или 2,96% се на возраст од 56 години, 27 или 2,81% се на 35 години, 25 или 2,60% се на возраст од 53 години, 24 или 2,50% се на возраст од 42, 43, 45 и 59 години, 23 или 2,40% се на возраст од 32, 41 и 58 години.
На кандидатските листи 102 или 6,08% кандидати се на возраст од 66-70 години, 82 или 4,89% на возраст од 71-80 години и 15 или 0,83% се на возраст од 81-90 години.
Од оваа структура по 51 или 7,11% кандидатки се на возраст од 61-70%, 32 или 4,46% се на возраст од 81-80 години и 7 или 0,98% се припаднички на највозрасната група од 81-90 години.
Структурата на предложените кандидатки според возрасната група и редоследот на кандидатските листи ги има следните карактеристики.
Во првите 10 предложени на листите 4 или 1,12% се кандидатки на возраст до 18 години, 51 или 14,29% се на возраст меѓу 21-29 години, односно 55 или 15,41% се на возраст до 29 години, 38 или 10,65% се во возрасната група од 30-35 години.
Може да се воочи дека 93 или 20,05% од кандидатките се наоѓаат во првите 10 на листите, што е една петтина од вкупниот број на кандидати на листите.
Ако се има предвид бројот на подносителите на листите и бројот на изборните единици, тогаш можностите за ефектуирање на пратеничкиот мандат има определена веројатност, но во сегашните услови има многу непознати.
Втората група кандидатки што се наоѓаат на кандидатските листи во првите 10 по редослед кандидирани е 416 или 62,75% на возраст од 36 – 65 години, како и 40 или 11,20% кандидатки на возраст од 66-90 години.
Редоследот на кандидатите на листите според возраста:
На првите 10 места од листите се наоѓаат 839 кандидати или 50,03% од вкупниот број. На возраст до 20 години се 7 кандидати или 0,83%. На возраст од 21 – 29 години се 82 или 9,77% кандидати, од 30-35 години 83 или 9,89%.
Значи, од 18-30 години се 89 или 10,61% од кандидатите, од 18 – 35 години се 172 или 20,50% потоа следува најбројната група од 36-45 години со 219 или 26,10%, од 46-55 години со 195 или 23,24% од кандидатите, од 56-65 години 167 или 19,25% и над 66 години 86 или 10,24% од кандидатите.
На втората половина од кандидатските листи се 29 или 3,46% на кандидатите на возраст од 18-20 години, 127 или 15,16% со возрасен период од 21 – 29 години, односно на возраст од 18-30 години се вкупно 156 или 18,62%.
Ако кон оваа група ги вклучиме и кандидатите чија возраст е меѓу 30 – 35 години, 122 или 14,56%, тогаш можеме да констатираме дека 278 или 33,17%, или една третина од предложените кандидати се наоѓаат на втората половина на листите, што во услови на значајна понуда на листи, ја намалува можноста од остварување на положбата некој од овие возрасни групи да биде избран за пратеник.
Во возрасната група од 36 – 65 години, во вториот дел од кандидатските листи се наоѓаат 445 или 53,10% кандидати.
И последната група на кандидати 115 или 13,72% се на возраст од 66-90 години.
Со повнимателна анализа на положбите на одделни возрасни групи на редоследот на кандидатските листи можат да се утврдат веројатноста од избор, но уште повеќе од веројатноста понудениот кандидат во мандатниот период да добие можност да ја извршува пратеничката функција.
Кандидатите за пратеници и принципот за еднаква вклученост на жените и мажите
Од аспект на залагањето на партиските субјекти за еднаква застапеност на жените и мажите во политиката, да споменеме дека од 1677 предложени 717 или 42,75% се жени, односно 960 или 57,25% се мажи.
Иако постои разлика од помала зачестеност на предлозите за кандидатките од -14,49% во однос на мажите кандидати, сепак може да се оцени дека е остварен определен напредок на овој план, што, секако го отвора просторот за постигнување на математички балансирана вклученост на жените на кандидатките листи.
Кандидатските листи според предлагач и пол и предлагач се прикажани во Табелата што следува. Податоците упатуваат на тоа дека од 1677 предложени кандидати, 717 се кандидатки.
Табела број 2 Кандидати за пратеници, според предлагач и пол | ||||||
жени | % | мажи | % | Вкупно | % | |
АВАЈА – ДОСТА Е! | 32 | 4,46 | 48 | 5,00 | 80 | 4,77 |
ГРУПА ИЗБИРАЧИ ЏУЛА ЧЕЛИКУ | 9 | 1,26 | 11 | 1,15 | 20 | 1,19 |
Движење ЗНАМ – За Наша Македонија | 53 | 7,39 | 67 | 6,98 | 120 | 7,16 |
ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА | 41 | 5,72 | 59 | 6,15 | 100 | 5,96 |
Коалиција “ЕВРОПСКИ ФРОНТ“ | 48 | 6,69 | 72 | 7,50 | 120 | 7,16 |
Коалиција “ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ ВМРО-ДПМНЕ | 51 | 7,11 | 69 | 7,19 | 120 | 7,16 |
Коалиција ВЛЕН | 53 | 7,39 | 67 | 6,98 | 120 | 7,16 |
КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА – СДСМ | 59 | 8,23 | 61 | 6,35 | 120 | 7,16 |
Коалиција ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА – ГРОМ | 54 | 7,53 | 66 | 6,88 | 120 | 7,16 |
Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листи – Суверенисти | 53 | 7,39 | 66 | 6,88 | 119 | 7,10 |
ДЕМОКРАТИ | 48 | 6,69 | 72 | 7,50 | 120 | 7,16 |
ДЕСНА | 28 | 3,91 | 51 | 5,31 | 79 | 4,71 |
Левица | 48 | 6,69 | 72 | 7,50 | 120 | 7,16 |
НОВА АЛТЕРНАТИВА | 35 | 4,88 | 45 | 4,69 | 80 | 4,77 |
РОДИНА | 53 | 7,39 | 67 | 6,98 | 120 | 7,16 |
Работничка партија | 18 | 2,51 | 22 | 2,29 | 40 | 2,39 |
ТВОЈА ПАРТИЈА | 34 | 4,74 | 45 | 4,69 | 79 | 4,71 |
Вкупно | 717 | 100,00 | 960 | 100,00 | 1.677 | 100,00 |
Од понудениот табеларен приказ може да констатираме дека во вкупниот број предложени кандидатки на листите најбројни се на листите на „Коалицијата за европска иднина“ со 59 или 8,23% од вкупниот број кандидатки, односно 49,17% од вкупно предложените од овој политички субјект.
Следуваат по 53 кандидатки или 7,53% од вкупниот број од коалиците „Храбро за Македонија“ и “ВЛЕН“, од Движењето ЗНАМ, Родина и Македонска трета ера. Со 51 или 7,11% се кандидатките на листите на Коалицијата “Твоја Македонија“ 51 или 7,11%, со по 48 или 6,69% се кандидатки на листите од Коалицијата “Европски фронт“, Демократи и Левица, 41 или 5,72% се кандидатки од Единствена Македонија, 35 или 4,88% се вклучени кандидатките во листите на Нова алтернатива, 34 или 4,74% во листите на Твоја партија, 32 или 4,46% во листите на Аваја – Доста е!, 28 или 3,91% во листите на Десна, 18 или 2,51% на Работничката партија и 9, или 1,26% во листата на Група избирачи Џула Челику.