Црвениот Крст на Република Северна Македонија (ЦКРСМ) пристапи кон процес на подготовка на развојна рамка за националното друштво за наредните пет години насловена како „Трансформација 28“. Иницијативата е во рамки на заложбата за унапредување и развој на работењето и исполнување на хуманитарната мисија на организацијата.
„Трансформација 28“ претставува процес кој ги операционализира стратешките заложби на организацијата со конкретни чекори за промени и подобрување во работењето, преку кои се истакнуваат амбициите и заложбите за дополнително градење на одржливи партнерства за влијание во заедниците, но и желбата да се изгради здраво и безбедно општество. Тој претставува насочување во севкупните напори за промовирање на адвокативноста, пласманот на услугите и видливоста во работата, развивање на ефикасна функционалност на структурата на друштвото, итн.
Процесот „Трансформација 28“ е сет од развојни промени за кои се залага ЦКРСМ во наредниот петгодишен период, а се засноваат на анализи и проценки на актуелните состојби, како и консултативни процеси со партнерските организации, институции и поединци.
Р.Н.