„Би-Би-Си“ пренесува дека тимови на Црвениот крст и натаму не можат да пријдат до Мариупол за да овозможат евакузација на цивилното население.
Тие безуспешно се обидуваат со денови да пријдат до опколениот град за да ги следат автобусите со цивили до териториите под контрола на Владата.
Десетици илјади луѓе остануваат заробени и живеат во недостаток на храна, на вода и на струја по повеќенеделното бомбардирање.
Некои приватни автомобили и автобуси успеаја да заминат кон Запорожје каде сè уште се прифаќаат бегалци.