НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦУК: Активни осум пожари, другите делумно локализирани

0
By Sashko on August 9, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Авионот на романското воено воздухопловство во два прелета дејствуваше на пожарот во Општина Прилеп кај селата Топлица, Ракле и Никодин, што е делумно локализиран, но на одредени места сè уште има чад. На терен се екипи на Армијата и ШС Црн Бор од Прилеп, информира помошникот раководител на Центарот за управување со кризи Марија Милкова на попладневната прес-конференција во ЦУК.

Како што посочи тој, до 16 часот сè уште се активни осум пожари, а останатите се делумно локализирани.

– Пожарот во Делчевскиот регион во село Разловци и село Нов Истевник е ставен под контрола, а има мало чадење во местото викано Грбовец, но  пожарот е под контрола. На терен се екипи од пожарната, странската помош, МВР и Армијата. Пожарот во Пехчево во село Будинарци се уште е активен. Имаше моменти кога се надевавме дека пожарот е локализиран, но се појавија нови жаришта. На терен се припадници од Армијата, МВР, ШС Малеш, ШС од Струмица,  противпожарни бригади од Скопје, Кавадарци и Штип, вработени од ДЗС, ЕВН, месно население, меѓународни тимови од Словенија и Австрија и други субјекти кои се справуваат со огнената стихија, рече Милкова.

Активен пожар, како што кажа, има и во Општина Сарај во селата Раовиќ и Буковиќ каде на терен има екипи од Националниот парк Јасен, ШС Караџица, ПП бригада на Град Скопје и жители од општината.

– Активен е и пожарот во Општина Петровец со селото Дивје на месноста викана Крушје, кој беше ставен под контрола, но во 13:30 часот повторно изгуби контрола. На терен се претставници од ШС Караџица, Армијата и локалната самоуправа. Пожарот во Општина Чашка, кај село Владиовци беше локализиран во утринските часови, меѓутоа  во 13:30 часот повторно беше активиран. На терен се претставници од ПП единица од Велес и месно население, прецизира Милкова.

Нагласи дека пожарот, кој во попладневните часови избуван во селото Герман во Општина Ранковце, е ставен делумно под контрола и на терен е единица од ПП Ранковце и ШС од Крива Паланка. Во врска со шпекулациите дека таму има жена со деца, рече дека навреме се спасени и не се загрозени.

-Пожарот во штипските села Драгоево и Селце е ставен под контрола иако на одредени места има појава на чадење. На терен се претставници од ТТППЕ од Штип, МВР, Општина Неготино и други лица од месното население, рече Милкова и додаде дека другите пожари се делумно локализирани.

Попладнево, истакна, се појавија пожари во велешкото село Којница, Крајница и Извор каде гори нискостеблеста мешана шума. На лице место се 11 вработени од ШС Бабуна и додаде дека очекува овој пожар да биде локализиран до крајот на денов. Попладнево, посочи, избил пожар и во кочанско Костин Дол, но се држи под контрола и нема опасност да се прошири.

Информира дека е направена смена на меѓународната противпожарна помош од Бугарија, чии екипи беа на терен во Пехчевско. Тие се заменети со нови и веќе се пристигнати  три противпожарни возила со неколку пожарникари во земјава кои, како што кажа, во текот на денешниот и утрешниот ден  ќе бидат распоредени таму каде што е потребно.

Во моментов, како што нагласи, заседава Главниот штаб и се прави попладневен пресек, а воедно се одредуваат и мерки каде, кога и кои субјекти на кои локалитети да дејствуваат во текот на утрешниот ден.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.