Скопје: Последното деноноќие имало 21 пожар на отворено, утрово четири пожари сѐ уште се евидентирани како активни, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).Во соопштението се апелира да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали, како и да не се фрлаат отпадоци во нив.