Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦУК со апел до граѓаните: Диви свињи се симнуваат во Пржино, внимателно кога шетате миленичиња и при пешачење на Водно

0
By Sashko on September 27, 2022 РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните да бидат внимателни при движење на локации во планинските пешачки зони на Водно каде може да наидат на диви свињи. При евентуална средба со дивите свињи граѓaните треба да бидат смирени, да не ги напаѓаат за да не ги предизвикаат, бидејќи при нивната одбранбена реакција може да ги повредат, изјави денеска Илија Бојаровски од Центарот за управување со кризи.

Ако досега имало пријава само за контакт со диви свињи во високите шумски предели, сега, појасни тој, тие се појавуваат и во Скопје, како што е случајот со населбата Пржино, а и други населби на граница со природата во скопско.

„Тоа е заради тоа што голем број овошки зреат во планината и во населбата и трагајќи по храна дивечот се спушта и во населбите. Лицата кои ги шетаат своите миленици да го одбегнуваат работ на населбата Пржино, каде започнува шумата, бидејќи инстинктите на кучињата и дивите свињи не може да бидат предвидени, а тоа да не го прават во доцните вечерни часови и во раните утрински часови. Во последниот неколкугодишен период е зголемен ризикот од појава на болеста африканска чума кај дивите свињи и тоа е плус да алармираме на нивниот зголемен број на Водно, бидејќи нема специјализирана институција за справување со ваква или слична појава“, рече Бојаровски.

Тој посочи дека ЦУК се обратил со барање за преземање законски надлежности и решенија до ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје, кое управува и стопанисува со Парк шумата Водно, Инспекторатот за шумаство и ловство, стручен орган за ловство, Агенцијата за храна и ветеринарство како координатор за справување со африканската шума, за која, како што потенцира, имаат информација дека дава награда од 250 денари за пријавена угината дива свиња, што значи дека ако граѓаните на овој потег забележат угината дива свиња тоа треба да го пријават.

„Министерствата за животна средина и просторно планирање, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за внатрешни работи и градоначалникот на Град Скопје Данела Арсовска би можеле со свои ресурси да се вклучат во справувањето со појавата, како на пример Зоолошката градина во Скопје, повеќе здруженија за заштита на животни и сл. Исто така информиран е и градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, бидејќи Пржино е на подрачјето на таа општина. Дивата свиња се движи навечер, а преку ден одмара во густежите кои ги имаме на потегот од Водно, над Пржино, потоа Средно Водно се до Нерези. Се додека има вода и храна, дневно може да помине дури и по 70 километри и да се врати таму каде и е леглото. ЦУК преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 е во постојна комуникација со граѓаните и сериозно ги третира дојавите за опаснот по животот и материјалните добра“, додаде Бојаровски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
ФОКУС

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

ВЕСТИ October 16, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди на својата социјална мрежа Truth Social дека неговиот разговор со…

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

October 16, 2025

Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани, продолжува пријавувањето

October 16, 2025

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

October 15, 2025
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.