Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тупанчески: Иницијативата за референдум има многу правни аномалии

0
By Sashko on September 15, 2022 ВЕСТИ
Од денешната изјава на министерот за правда во Струмица
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иницијатива за распишување на референдум има прилично правни аномалии, недостатоци што ја прават недоволно добра од правен аспект за постигнување на една замислена цел, потенцијална, каква и да е, изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчески.

Пред поднесување на иницијативата, вели, министерот, требало да се земат предвид одредбите од Уставот, законот за референдум и собранискиот Деловник.

„Во Член 118 од Уставот експлицитно е уредена материјата во однос на меѓународните односи и во тој контекст на меѓународните договори. Тие, како што стои во овој член, претставуваат составен дел од внатрешниот правен поредок на државата и не можат да бидат менувани со закон“, рече Тупанчески во изјава пред промоцијата на Националната стратегија за превенција и правда за децата (2022-2026) и Акциски план (2022-2023).

Според него, особено важна е и регулативата во Законот за референдум.

„Член 24 имплицира дека станува збор оти референдум би можел да биде распишан пред потпишување, односно ратификација на меѓународен договор. Се разбира дека овој закон има уште една одредба која се чини дека би можела да биде релевантна, а тоа е членот 28, кој се однесува на Бадентеровото мнозинство и какви имликации има таа одлука при распишувањето на референдумот. Тука постои уште деловникот на Собранието на Република Северна Македонија и тоа се актите кои се релевантни при донесување одлука за распишување референдум“, рече министерот за правда.

Тој потсети дека единствени надлежни во државата и во меѓународното право за склучување и потпишување меѓународни договори се претседателот на државата и Владата на земјата што го потпишува.

„Да не заборавиме дека меѓународното право, по многу работи се разликува од националното право, во однос на комплементарноста. Ќе мора задолжително да се почитуваат обврските кои се преземени од Меѓународниот договор, а за начинот на кој може да биде раскинат сигурно е дека за тоа не е надлежно Собранието на Република Северна Македонија. Дефинитивно кога се зборува за процес на дератификација, тој никаде не е регулиран со национален пропис“, вели Тупанчески.

Според министерот за правда, нема посебна регулатива во однос на тоа како може да се раскинуваат меѓународни договори.

„Но, да го кажам моето лично правно размислување – во самите меѓународните договори кои се  ратификувани, постои начин како може да се раскинат. Меѓународните договори на некој начин се сепаратно право и ја регулираат и материјата на кој начин може да бидат еднострано откажани или како да се повлече од обврските кои произлегуваат од него“, истакна министерот Тупанчески.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во средата ја одби иницијативата за распишување на референдум поднесена од ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека е неуставана, односно оти член 118 од Уставот предвидува оти Меѓународни договори не можат да бидат менувани со закон.

ВМРО-ДПМНЕ на 9 септември ја достави иницијативата до Собранието за одржување референдум за поништување на Договорот со Бугарија.

Претходно, на 5 септември Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ го усвои референдумското прашање „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија објавен во Службен весник од 18.01.2017?“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025

Аеродромот во Тирана постави нов рекорд, за шест месеци, над 7,8 милиони патници

September 6, 2025

УНИЦЕФ: Детството не може да опстане во Газа

September 5, 2025

Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници

September 5, 2025

Криминална организација во Грција шверцувала и продавала разредено гориво – дистрибуирани над 1,34 милиони литри

September 4, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025

Аеродромот во Тирана постави нов рекорд, за шест месеци, над 7,8 милиони патници

September 6, 2025

УНИЦЕФ: Детството не може да опстане во Газа

September 5, 2025

Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници

September 5, 2025

Криминална организација во Грција шверцувала и продавала разредено гориво – дистрибуирани над 1,34 милиони литри

September 4, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.