Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тупанчевски: Само ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА не номинираа свои луѓе во работната група за нов Изборен законик

0
By Sashko on June 1, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Никола Тупанчевски
Никола Тупанчевски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за правда продолжува да ја реализира замислата за носење на нов Изборен законик, во кој ќе бидат содржани правилата на изборната игра, за изборниот процес кога и да се случува, рече вечерва министерот за правда, Никола Тупанчевски.

Тој, во гостување во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24, посочи дека најголем дел од политичките партии номинирале свои претставници во работната група за носење на нов Изборен законик, освен две – ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА. Рокот за номинирање претставници истече вчера, а министерот Тупанчевски имал и неформални разговори со лидерите на овие две партии.

Тупанчевски е оптимист дека двете партии ќе номинираат претставник, бидејќи, како што рече, тоа е најдобриот начин да ги артикулираат сопствените ставови, а претставниците во работната група ќе се обидат да го најдат најоптималното решение за македонски околности.

„Апсолутно ќе разговарам со лидерите, затоа што таа е првична идеја, но идејата ќе биде и реализирана затоа што веќе е разговарано со неколку луѓе коишто би требало да ја предводат таа работна група, а ќе бидат од непартискиот блок“, рече Тупанчевски, посочувајќи дека станува збор за експерти, непартиски луѓе чија потесна специјалност ќе биде изборно право и изборни системи.

Прашан дали верува во судството, министерот истакна дека доколку не верувал, немало да се нафати да биде министер за правда.

„Цело време се коментира едноцифрениот број во довербата на судството. Тоа е осум проценти. Повторно ќе кажам ако не верував, немаше да се занимавам и да се нафатам на оваа работа и да бидам министер за правда. Ќе направам сѐ што е во рамките на моите можности. На што би личело доколку министерот не верува во судството“, рече Тупанчевски околу тоа што мисли општеството за правосудството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
ФОКУС

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

ВЕСТИ September 30, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху негираше дека го прифатил принципот на палестинска држава денеска откако претседателот…

Палестинската управа го поддржа мировниот план на Трамп и вети реформи

September 30, 2025

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

September 29, 2025

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.