Познатиот македонски фоторепортер Томислав Георгиев беше во центарот на светските случувања – на демонстрациите во Турција на плоштадот Таксим.
Георгиев зборува за односот на медиумите кон демонстрациите, моќта на социјалните мрежи, за солидарноста на турскиот народ и за силата која полицијата ја употребуваше врз мирните демонстранти.
Во видеото погледнете ги сведоштвата на Георгиев, но и турската револуција видена низ неговиот објектив.