Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турско МНР со реација на Пописот во Северна Македонија

0
By Ivana on March 31, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Турското министерство за надворешни работи реагира на резултатите од Пописот на населението во Македонија, кои беа објавени вчера. Портпаролот на министерството Танџу Билгич денеска изјави дека Турција ги поддржува легитимните барања и ги штити правата и интересите на турската заедница, која со векови живее на територијата на Северна Македонија и која е меѓу нејзините рамноправни и конститутивни народи и се залага за благосостојбата и развојот на државата.

„Претставниците на турската заедница во земјава во текот на процесот упатија повеќе апели пописот да се спроведе правично, транспарентно и без никакво сомнеж. Резултатите од пописот покажаа дека тие повици, за жал, биле игнорирани“, наведува Билгич во изјавата.

Тој воедно ги повикува властите во земјава да ги земат предвид забелешките на објавените пописни резултати на Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во Република Северна Македонија.

Ова Тело во кое членуваат невладини организации, политички субјекти, интелектуалци, универзитетски професори и други влијателни личности од турската заедница, во реакцијата на резултатите од пописот наведе дека тој ќе се памети по многу „неодговорени прашања и игнорирање на барањата“ на Турците, со што се „повредени правата на турскиот народ кој е еден од државотворните народи на РСМ и еднаков со другите.

Координативното тело наведува дека во текот на пописниот процес многу пати изразувале незадоволство околу „методологијата, недостатоците, недоволниот број на попишувачи и инструктори Турци, прекини и нефункционирање на апликацијата за попишување во земјава и во странство, проблеми со преводот и недостатоци во софтверот, недоволна информираност на населението за пописот, притисоци и манипулации на терен и фактот дека многу граѓани не се избројани, односно попишани“.

На Пописот од вкупното резидентно население во земјава 58,4 проценти од населението се изјасниле како Македонци, а 24,3 како етнички Албанци, 3,86 проценти како Турци, потоа 2,53 проценти како Роми, како Власи се изјасниле 0,47, како Срби 1, 3 отсто и 0, 87 проценти како Бошњаци.

Пописот се спроведе лани во септември, а резултатите беа објавени вчера.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025
ФОКУС

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

ВЕСТИ October 21, 2025

Во Скопје вечер во 20 часот, во „Холидеј Ин“ ќе се одржи премиерата на документарниот…

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025

Ватикан: Папата канонизираше седум нови светци

October 19, 2025
ТИКЕР

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.