Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турција оптимист дека Русија и Украина се приближиле до договор за „клучните“ барања

0
By Mirjana on March 20, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Русија и Украина се приближуваат до договор за „клучните“ прашања, нагласи турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју објавено денеска, додавајќи дека се надева дека ќе се постигне примирје доколку двете страни не се откажат од досегашниот напредок.

Чавушоглу, кој минатата недела отпатува и во Русија и во Украина за да разговара со своите колеги Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеб, за турскиот весник Хуриет изјави дека има „конвергенција на позициите на двете страни за важни теми, клучни теми“.

„Можеме да кажеме дека се надеваме на примирје доколку страните не се повлечат чекор од сегашните позиции“, тврди Чавушоглу без дополнително објаснување.

Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин за телевизијата Ал Џезира изјави дека двете страни се приближуваат до четири клучни прашања. Тој го наведе барањето на Русија Украина да се откаже од амбициите за влез во НАТО, демилитаризацијата, потоа она што Русија го нарекува „денацификација“ и заштитата на рускиот јазик во Украина.

И покрај обвинувањата од двете страни за одолговлекување, Киев и Москва напредуваа во разговорите минатата недела за решение што ќе ја гарантира безбедноста на Украина, но надвор од НАТО.

Калин рече дека трајно примирје може да се постигне само преку средба меѓу Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Но, тој додаде дека Путин верува дека позициите за „стратешките прашања“ на Крим и Донбас не се доволно блиски за да се договори средба

Чавушоглу оптимист за руско-украинските преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.