Дедото на младиот У.Б.(21), кој е осомничен дека синоќа со огнено оружје уби осум лица и рани 14, денеска е уапсен откако полицијата во неговата куќа пронашла бомби, автоматска пушка и муниција, јавува дописникот на Танјуг од Крагуевац.
Во куќата на неговиот дедо се криел осомничениот У.Б., каде полицијата го пронашла.
Да потсетиме, само еден ден по масовното убиство во белградското основно училиште, синоќа се случи уште еден напад. Напаѓачот У.Б пукал во селото Дубона кај Младеновац каде убил млад полицаец и неговата сестра, а пукал и во Мали Орашје и селото Шепшин кај Младеновац каде убил уште шестмина.
Според досегашните податоци, најмладата жртва е петнаесетгодишно дете.