Куманово: По пријава од граѓанин, нспекторката е уапсена во ресторан откако примила технички обработени пари коишто ѝ ги дал граѓанин кому таа претходно му побарала мито, првин 1.500, а после и 4.000 евра за да не му издаде решение за запирање на градба.Од МВР информираа дека СВР Куманово во содејство со Одделот за криминалистичка полиција денеска во 13:30 часот постапило по наредба од Основното јавно обвинителство Куманово за расчистување на кривично дело „примање поткуп“ при што е лишена од слобода Л.Т., овластен градежен инспектор во Општина Куманово, која била затекната како прима поткуп од 4.000 евра.