Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уапсени 15 членови на озлогласена албанска криминална група, која била под истрага во повеќе земји

0
By Marija Todorovska on August 1, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тирана: Албанските власти, во соработка со Европол и белгиските, холандските и француските органи за спроведување на законот, успешно ја завршија големата операција, при што беа уапсени 15 осомничени членови на озлогласена албанска организирана криминална група, под истрага во повеќе земји.

-Координираните напори, под името ГОРГОН, кулминираа со серија рации извршени во Тирана на 31 јули против клучните личности во криминалната мрежа, јавија албанските медиуми.

Како резултат на тоа, запленети се значителни средства, вклучувајќи недвижен имот и еден милион евра во готовина, соопшти денеска Европол.

Во соопштението се додава дека станува збор за организирана криминална група од висок профил, која била хиерархиски структурирана, со ограноци кои дејствувале на меѓународно ниво. Бандата претежно била составена од членови на семејство од Елбасан и соработници од истиот регион во Албанија

Членовите на групата се осомничени дека се одговорни за бројни нарачани убиства, голема трговија со дрога и перење на незаконски профит преку сложени трансакции со криптовалути.

Меѓу уапсените е и осомничен за перење пари, кој бил стациониран во Тирана и кој обезбедувал услуги на неколку други криминални групи ангажирани на меѓународно ниво во убиства, корупција и шверц на дрога.

За акцијата објави и албанското Специјално обвинителство за организиран криминал, СПАК  во која се наведува дека се трага по уште 18 лица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.