Во основните и средните училишта објавени се списоците за деновите во кои ќе се полагаат испитите од екстерното тестирање.
Учениците се незадоволни зошто предметите ќе ги знаат на само три дена пред тестирањето. Од гимназијата Јане Сандански од Струмица велат дека така е наложено од Министерството за образование.
„Екстерното тестирање е е најкатострофалниот проект до сега на Владата, а периодот од три дена да знаеме кои предмети ќе ги полагаме е доста краток , вели за НОВА ученик од втора година во СОУ„ Јане Сандански“, кој сакаше да остане анонимен.
„Мислам дека овој начин на екстерно тестирање е необјективен, бидејќи и ученици кои покажале слаб успех во текот на целата година можат да ги научат прашањата и да добијат висока оценка. Три дена не се мал период за оние кои учеле преку цела година, ќе им остане само да го повторат материјалот, вели Катица Панова, ученичка во втора година.
Дел од учениците сметат дека е многу малку за три дена да се научат над 3. 000 прашања за сите 14 предмети, од кои ќе полагаат на прашања за само два предмети.