Петмина градежни работници загинаа, а деветмина се повредени при уривањето на училишна зграда во реконструкција во Антверпен, Белгија.
Истрагата за причините за несреќата е во тек.
Петмина повредени работници се хоспитализирани, тројца се на интензивна нега и еден е пуштен на домашно лекување, објави локалната противпожарна служба на Твитер.
Белгискиот крал Филип и премиерот Александар де Кро го посетија местото на несреќата.
Меѓу работниците имало државјани на Португалија, Романија и Украина, објавија белгиските медиуми.