Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УЕФА и ФИФА со ревизија на финансиското работење на ФФМ за развојните проекти

0
By НОВА ТВ on October 26, 2021 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На барање на Фудбалската федерација на Македонија изминатиот период претставници на ФИФА и УЕФА вршеа ревизија на финансиското работење на федерацијата, поврзано со проектите и активностите од користењето на средства од програмите „FIFA Forward“ за 2020 на ФИФА и „HatTrick 3 и 4“- инвестициски програми на УЕФА, соопшти ФФМ.

Во однос на користењето на средствата од програмата Forward за 2020 година на ФИФА, Фудбалската федерација на Македонија доби највисока оценка.

Наведено е дека средствата од развојните фондови на ФИФА, Фудбалската федерација на Македонија ги користи исклучиво наменски, односно по пропишаната процедура која вклучува детален опис на проектите, документација, процес на одобрување, имплементација и известување за проектите.

Претставници на УЕФА, оваа седмица на барање на ФФМ, вршат ревизија на трошоците и искористувањето на средствата од „HatTrick 3 и 4“- инвестициски програми на УЕФА. Преку оваа програма на УЕФА, ФФМ инвестира во подобрување на инфраструктурата на стадионите во државата, отворање на нови терени или реконструкција на постоечките со природна или вештачка трева, поставување рефлекторско осветлување итн.

-Со оглед на тоа дека се работи за строго наменски средства, ФФМ има обврска, а токму тоа и го прави, да ги извести надлежните во УЕФА за вложувањето на средствата за проектите реализирани преку програмата на УЕФА.

ФФМ како и досега ќе продолжи да ја обезбедува комплетноста и веродостојноста на своето финансиско работење за своите надлежни институции и останува отворена за сите прашања во однос на својата усогласеност со УЕФА и ФИФА, вклучително за распределбата и текот на финансиските средства за проектите од програмите на УЕФА и ФИФА, стои во информацијата на „Куѓата на фудбалот“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Копенхаген: Европските лидери се „договорија“ за ништо

ВЕСТИ October 2, 2025

Европските лидери во Копенхаген, Данска, цел ден расправаа за безбедноста на континентот но без конкретни…

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.