Ново олеснување на мерките предложи утрово Комисијата за заразни болести. Стабилната епидемиолошка состојба во земјата и намалениот број на ново заразени со Ковид 19, е причина епидемиолозите да предложат олеснување на рестриктивните мерки. Од Владата информираат дека Главниот кризен штаб ги прифатил препораките на Комисијата, а за нив ќе се одлучува на владина седница. Доколку бидат усвоени ќе стапат на сила на 16 јуни.
Комисијата за заразни болести педлага:
Да се укине целосно полициски час. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова.
Да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави.
Да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.