Руската инвазија досега ја чини Украина 564,9 милијарди долари, изјави украинската министерка за економија, Јулија Свириденко, додавајќи оти мисли на направените штети на инфраструктурата, загубениот економски раст и друго.
„Околу 8.000 километри улици и патишта и 10 милиони квадратни метри на станбени објекти се оштетени или уништени како резултат на борбите“, вели Свириденко.