Членот на Главниот совет на воено-цивилната администрација на Запорожје, Владимир Рогов за агенцијата РИА Новости изјави оти Украина засекогаш го загубила пристапот до Азовското Море, бидејќи, според него, областите Запорожје и Херсон никогаш нема да се вратат под контрола на Киев.
„Азовското Море е засекогаш загубено за Украина. Пристаништата во Запорошката и Херсонската област никогаш повеќе нема да бидат украински. Сигурен сум дека по повторното обединување на нашите региони со Русија, Азовското Море, како некогаш, повторно ќе биде внатрешно море на Руската федерација“, истакна Рогов.
За време на инвазијата, руската војска ја презеде контролата над областа Херсон и Азовскиот дел на областа Запорожје на југот на Украина, наведува агенцијата РИА Новости.