Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украинска криза: Русија и ЕУ се судрија на Минхенскиот самит

0
By Нова ТВ on February 1, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прашањето за иднината на Украина предизвика жестока дебата на Самитот за безбедност во Минхен, кога Русија ја обвини Европската унија за двојни стандарди.

Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј изјави дека “иднината на Украина припаѓа во Европската унија”, јавува Би-Би-Си.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров праша зошто ЕУ ги бранеше насилните протести и напади врз полицијата.

Украина е во криза од ноември, кога е укинат договорот на ЕУ во корист на руската помош за извлекување.

Државниот секретар на САД Џон Кери треба да се состане со врвот на украинските лидери на опозицијата, на маргините на самитот. Г-дин Кери рече дека неговата порака ќе биде целосна поддршка.

Во говорот на отворањето на самитот, Ван Ромпуј изјави дека украинската судбина се уште е во рамнотежа и дека сите лидери знаеле дека настаните во Киев се предмет на загриженост.

“Иднината на Украина припаѓа во Европската унија”, рече тој.

Шефот на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави: “Украина мора да има слобода да избере свој пат, без дополнителен притисок.

“Демократските принципи и владеењето на правото мора да се почитува. Малцинствата мора да бидат заштитени а не прогонувани”.

Тој ја осуди “прекумерна употреба на сила од страна на безбедносните сили”.
Но, Лавров рече дека “изборот се наметнува [врз Украина] и Русија нема да бидe ангажиранa во ова”.

Тој праша: “Што значи поттикнување на насилните улични протести кои немаат врска со унапредувањето на демократијата? Зошто ние не слушаме осуда на оние кои ги окупираа владините згради и ја нападнаа полицијата и се користат расистички, анти-семитски и нацистички пароли?”

Лавров рече дека членки на Европската унија не би толерирале такви акции во нивните земји.

Висок лидер на украинската опозиција го повика Запад да им даде поголема поддршка и да помогне во решавањето на политичката криза во неговата земја, јавува Би-Би-Си.

Арсени Јатценук изјави дека на Украина и е потребен “Маршаловиот план, а не воена состојба”, реферирајќи на се на воената американската програма за помош по Втората светска за Европа.

Г-дин Јатценук разговараше со странските лидери на маргините на Минхенската безбедносна конференција во Германија.

Еден од водачите на движењето „Автомајдан“, Дмитро Булатов, беше пријавен за исчезнат, откако неговите роднини и пријатели изгубиле секаква врска со него на 22 јануари.

Тој беше пронајден претепан во петокот, во селото Вишенка, недалеку од украинскиот главен град, Киев.


Опозициски активисти го чуваат влезот во болницата кај што е третиран Булатов

Порталот ТСН објави снимка од активист, на која се гледаат модринки по лицето на 35-годишниот маж додека зборува пред новинарите, дека бил грабнат и подложен на физичко насилство – го тепале, се обиделе да му го отсечат увото.

Тој вели, дека не знае кој го грабнал, но според неговите зборови, киднаперите говореле со руски акцент. По долго измачување го изнеле од просторијата каде го држеле, го однеле во Вишенка и го исфрлиле од автомобилот.

ВИДЕО: Тортура над украинскиот опозиционер Дмитри Булатов, откако бил киднапиран

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.