Киев: Олександр Пављук., командант на копнените сили на Украина ги повика Украинците да се приклучат на вооружените сили бидејќи судбината на земјата е во прашање, што значи дека никој не може да остане на страна.
Колку повеќе Украинците ќе најдат храброст и ќе се приклучат на редовите на вооружените сили, толку помалку ќе има шанси Русија да ги спроведе своите крвожедни планови и толку побрзо украинските градови ќе продолжат со својот нормален и безбеден живо“. Ги повикувам Украинците да ги остават своите емоции зад себе и да не подлегнуваат на провокации. Неопходно е да се разбере дека никој не може да остане на страна. Судбината на земјата, судбината на нашиот народ е во прашање“, објави украинскиот генерал Пављук.