Киев: Украинската служба за безбедност,СБУ, и Државното обвинителство денеска објавија дека група активисти планирале провокации во главниот град Киев минатата недела, со цел да го заземат парламентот и да формираат привремена влада.
Четворица мажи се под истрага, а на двајца од нив им е одреден притвор. На осомничените им се заканува казна затвор до десет години и конфискација на имот.
Припадниците на СБУ откриле оружје и муниција за време на рацијата.
Истрагата утврдила дека во текот на мај и јуни оваа година група луѓе на социјалните мрежи повикувале на дискредитација на актуелниот државен врв, промена на уставниот поредок и преземање на државната власт во Украина.
Тие планираа да шират информации за „немирите“ во Киев преку домашни и странски информативни ресурси со цел да ја дестабилизираат општествено-политичката ситуација во нашата земја, што ќе биде од корист за Руската Федерација, се наведува во соопштението на СБУ.
Според написите, се истакнува дека организатор на бунтот бил претседателот на синдикатот, кој и претходно организирал провокации, а е познат по својата антиукраинска позиција.