НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украинските војници ја напуштаат мисијата на КФОР на Косово

0
By Sashko on March 28, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинските војници во составот на КФОР се подготвени за враќање дома по наредбата на претседателот Володимир Зеленски за итно повлекување на сите војници на Украина од мировните мисии ширум светот, објави порталот Балканска безбедносна мрежа (ББМ).

Зеленски ја издаде наредбата за повлекување на украинските мировни сили на 7 март, но командата на мировната мисија на Косово објави дека украинскиот контингент, сепак, ќе остане во земјата.

Мрежата на својата интернет страница balkansec.net, повикувајќи се на медиумиуте во Приштина, наведе дека неименуван офицер на КФОР рекол оти „Украинците ќе продолжат со својата мисија на Косово“.

По повеќенеделно одложување, „тешката ситуација по украинската војска го направи безмислено задржувањето на обучен персонал надвор од земјата“, наведува ББМ.

Откако стана извесно дека украинските војници, сепак, ќе ги напуштат меѓународните сили на Косово, се отвора прашањето како ќе се изведе повлекувањето – со борбена техника и теренски возила по копнен пат до Полска или Романија или со авион без техника и возила?

Мрежата ББМ наведува дека украинските војници во составот на КФОР користат модифицирани возила „Хамви“ (Humvee) од американска донација кои се преработени во машинско-ремонтниот завод во Лвов. Станува збор за теренци од типот М1097A со кабина за два члена на екипаж и товарен дел за уште осум лица.

Во внатрешноста на возилото имаат заштита од панцирни плочи за противпешадиско оружје кои се тешки 1,2 тона и вооружени со митралез со калибар 12,7 мм. на кровот кој се врти во цел круг. Во базата „Бондстил“ кај Урошевац се стационирани 40 украински војници, а оперативно се ангажирани во источниот дел на Косово.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Денови на европско наследство 2025 посветени на архитектурата

September 2, 2025

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.