Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Умре претседателот на Обединети Арапски Емирати, Шеик Калифа

0
By Соња Крамарска on May 13, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еден од најбогатите монарси во светот, претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Калифа бин Зајед ал Нахјан, почина на 73-годишна возраст. Шеикот Калифа беше претседател на ОАЕ од 2004 година, но неговата улога беше главно церемонијална откако доживеа мозочен удар во 2014 година.

Неговиот полубрат Мохамед бин Зајед ал Нахјан сега е задолжен за државните работи.

Се верува дека семејството Ал-Нахјан има богатство од 150 милијарди долари.

Покрај тоа што беше претседател на ОАЕ, шеикот Калифа беше и владетел на Абу Даби, главниот град богат со нафта на седумте емирати кои ги сочинуваат ОАЕ.

Веста за неговата смрт ја објави официјалната новинска агенција WAM.

Министерството за претседателски работи од денес прогласи 40 дневна жалост со знамиња на половина копје, а работата во јавниот и приватниот сектор е прекината во првите три дена.

Шеикот Калифа ја презеде функцијата втор претседател на ОАЕ во ноември 2004 година, наследувајќи го својот татко како 16-ти владетел на Абу Даби. Во првата деценија од неговото владеење, тој претседаваше со големо реструктуирање и на федералната влада и на онаа на Абу Даби. Но, по неговиот мозочен удар, тој ретко беше виден во јавноста, иако продолжи да издава пресуди.

Според уставот на ОАЕ, потпретседателот Шеик Мохамед бин Рашид ал-Мактоум, владетел на Дубаи, ќе биде привремен претседател. Федералниот совет, кој ги собира владетелите на седумте емирати, мора да се состане во рок од 30 дена за да избере нов претседател.(Би-Би-Си)

Обединети Арапски Емирати почина претседателот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.