Универзитетското студентско собрание на УКИМ изрази поддршка за утрешниот протестен „Марш за ангелите“ во Скопје. Маршот го организираат родителите на жртвите во трагедијата во Кочани и ќе започне од пред Обвинителството во 12 часот и 5 минути.
„Како универзитетско студентско собрание на УКИМ, сметаме дека е наша обврска, пред сè како граѓани, а потоа и како студентска заедница, да застанеме во знак на сочувство и поддршка кон оние кои претрпеа голема загуба и заедно да повикаме на одговорност и правда. Го поддржуваме барањето за јасни одговори и за итно преземање на одговорност од страна на институциите“, велат од студентското собрание.
Тие ги повикаа студентите како и целата јавност да се приклучи на маршот.
Ги повикуваме сите студенти, како и целата јавност, да се приклучат и достоинствено,но гласно, да испратиме порака дека македонија заслужува подобро, велат студентите од УСС.