Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Управуваната Темида

0
By Нова ТВ on August 11, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Јуриј Гончарук, Амбасадор на Украина во Република Македонија 

Запознајте се, Темида – богинка на правото и правниот поредок, била советничка на Зевс и вршела надзор ниту луѓето, ниту боговите да не ги кршат законите. Зевс бил бог на небото, громот и молњите. Главен од боговите олимпски.

Заедно тие сочинувале доволно ефикасен дует, којшто обезбедувал почитување на правдата. Иако се сомневам дека и во тие легендарни времиња не било се добро во таа сфера.

За ништо Темида периодично не ги врзувала очите.Тврдат дека таа било израз за највисока објективност. Ми се чини дека таа го правела тоа од срам, затоа што била приморана да задоволува некакви си незаконски каприци на својот законски маж Зевс. На пример, извршила политичка цел и му помогнала да ја реши Тројанската војна. Како и да е, семејниот бизнис сепак имал улога во сите времиња.

За жал, некои денешни „громовници“ отидоа уште подалеку – Темида за нив е само слугинка, само средство за давање на правен карактер на нивните срамни дела.

Веќе кој месец Владимир Путин се обидува да ја земе во свои раце Украина, користејќи за тоа широкиот комплет на средства, којшто може да се нарече „Кодекс на срамот“. Едно од нив е систематски напад врз правата и слободите на граѓаните на Украина, тотално кршење на универзалните норми и принципи на меѓународното право.

Веќе повеќе од месец дена во истражниот затвор во градот Ворониж, (РФ) без никакви правни основи киднапираната Надија Савченко – воен службеник на Вооружените Сили на Украина се задржува во Луганската област и нелегално e префрлена од руските специјални служби на територијата на Русија.

Врз основа на списокот на телефонските повици, направени од нејзиниот мобилен телефон и сведочењата на двата терориста, ја обвинија за корегирање на оганот на минофрлачите со цел убивање на двајца руски новинари.

Беше фатена од страна на терористите за време на обидот да извлече од под оган ранети војници, односно случајно.

Сепак, имајќи ја во предвид уникатноста на нејзината личност – таа е единствена украинска жена која може да управува со напаѓачот Су-24 и хеликоптерот Ми-24, руските специјални служби сметаа дека тоа е идеална варијанта за дискредиттирање на бранителите на Украина. Иако на местото на Надија можел да се најде кој било друг.

Надија Савченко во зоната на АТО престојувала доброволно во составот на баталјонот на Националната гарда, земајќи за тоа одмор.

Во мај во АР Крим беа киднапирани познатиот украински филмски режисер Олег Сенцов, а исто така и државјани на Украина Г. Афанасев, О. Чирниј, О. Калченко, кои досега се задржуваат на територијата на РФ под лажни изговори.
Руската страна наспроти нивната волја им наметна државјанство на Русија, ги излага на постојан морално-психолошки притисок, за некои од нив применувале и методи на казнена психијатрија.

На 7 август руските специјални служби незаконски приведоа шест украински офицери на 72-та бригада, на кои се обидоа да им фабрикуваат обвинение за наводно отворање „оган на територија на Русијаї“ и „примена на забранети воени методи“.
Тие се од бројот на тие 438 воени службеници кои преминаа на територијата на РФ, излегувајќи од украинскиот оган на терористите и руските војски. Одново случајност. Можеа да бидат и други, а тие се пробиваа од опколувањето.
Но случајноста е закономерна, бидејќи се се случува по стара руска традиција „Да има човек, а членот (кривичен) секогаш ќе се најде“.

Руските истражувачи до денес не можат да одредат на кого му припаѓа овој израз – на Јосип Сталин, Лаврентиј Берија или на Андриј Вишинскиј, којшто „правно“ ги оправда репресиите против „непријателите на народот“.

На 8 август се одржа судско рочиште за монтираниот процес против украинските воени службеници, кое всушност беше најавено како затворено. Од судската сала беше отсранет конзулот на Украина, со што нашите граѓани беа брутално лишени од конзуларно-правната заштита.

Одлука на судот – 2 месеци затвор

Понатаму – нов пресврт на приказната, којшто само го потврдува сето претходно.
На 9 август претставник на истражниот комитет на РФ, којшто претходно ја докажуваше во судот вината на офицерите, изјави дека уапсените „извршувале наредби на високата команда и не вршеле злосторства против населението на Донецката и Луганската област на Украина“.

Тогаш, во што е проблемот? Значи, „злосторства“ немаше?

Може да се направи и таков заклучок, ако, како што истакна овој претставник, „раководејќи се со принципот на хуманоста“ не беше „одлучено да не се поднесе обвинение и да им се даде можност да се вратат на територијата на Украина“. Значи, Некој одново го промени едното политичко решение на поинакво.

Со оглед на напорите на руската власт да го фалсификуваат случајот против нашите земјаци, МНР на Украина го смета нивното киднапирање и незаконско задржување во РФ за политички мотивирано и ги има сите законско-правни основи да ги квалификува Надија Савченко, Олег Сенцов и другите државјани на Украина како политички затвореници.

НОВА ексклузивно ги објавува колумните на амбасадорот Гончарук.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025
ФОКУС

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

СВЕТ September 27, 2025

Соединетите Американски Држави им презентираа на неколку арапски и муслимански лидери нацрт-план од 21 точка,…

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.