Владата ќе потроши уште еден милион евра за објектот на Стариот театар. Според податоците на Бирото за јавни набавки Министерството за култура вчера исплатило повеќе од 63 милиони денари или 1 милион и 34 илијади евра за противпожарна заштита на Стариот театар.
Договорот е склучен со фирмата СТРАБАГ АГ Подружница Скопје, за изработка на противпожарни машински инсталации.
Само пред две недели Министерството за култура исплати околу 650 илијади евра за акустични противпожарни врати на фирмата „Ламоне Мореда“.
Стариот театар почна да се гради во 2008 година, првичната сума на чинење беше 6 милиони евра, но со големиот број дополнителни договори, ја надмина сумата од 30 милиони евра.